Да не останат покусо: Gmail и Google Docs добиваат вештачка интелигенција

Сакајќи да се натпреварува со Microsoft, кој имплементира ChatGPT во своите услуги, Google сега носи слична функционалност.

Потценување е да се каже дека вештачката интелигенција на компанијата OpenAI, ChatGPT, го потресе светот. Повеќе од 100 милиони луѓе ги испробаа можностите на овој чет-бот, а колку може да биде корисен, препознаа најголемите технолошки компании, како што е Microsoft, кои го имплементираа во своите услуги.

Меѓутоа, иако Google располага со најголем број податоци во светот, и иако поради вештачката интелигенција на која работи, инженер излезе во јавноста, тврдејќи дека е свесна, се добива впечаток дека компанијата е многу изненадена од популарноста и напредокот на технологијата што го напојува ChatGPT, но и од нејзината примена во услугите на Microsoft. За да не остане покусо, Google сега објави дека носи генерирање текст со помош на вештачка интелигенција во Gmail и Google Docs.

Кога станува збор за Google Docs, Google тврди дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе овозможи да се нацрта саканиот текст, покажувајќи пример во кој Docs создава драфт на опис на работа врз основа на многу кратко барање - слично на ChatGPT, само во рамките на апликацијата за обработка на текст.

Google исто така тврди дека идните повторувања на апликацијата Docs ќе вклучуваат можност за „споделување идеи, наоѓање грешки, пишување и уредување“ со помош на вештачка интелигенција.

Покрај Docs, Google воведе и функции за вештачка интелигенција во Gmail. Надоврзувајќи се на веќе достапните функции Smart Reply и Smart Compose, Gmail ќе може да ги прошири кратките пораки, како и да го менува изразот на поформален тон. Вештачката интелигенција исто така ќе може да скратува долги параграфи, да извлекува тези, како и да пишува драфт на е-пошта врз основа на кратка инструкција.

Алатките за вештачка интелигенција ќе им бидат достапни на одредени корисници од овој месец, по што нивната достапност ќе се прошири и на остатокот од корисничката база. Една од главните пораки испратени од Google за време на објавата е дека „ВИ не е замена за генијалноста, креативноста и интелигенцијата на вистинските луѓе“.

Во видеото подолу можете да видите како ќе изгледа користењето на вештачката интелигенција во услугите на Google:

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе