Џафери: По завршување на вонредната состојба, ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва информира дека добил покана за учество на лидерската средба закажана за 12 мај од кабинетот на претседателот на државата и оти по завршувањето на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите.

- Не може Државната изборна комисија да условува. Таа е обврзана според решение на претседател на Собранието, а во случајов и според уредбата е должна да постапи по роковите како што застанала. Евентуално во однос на она што Избирачкиот список бил ажуриран до 12 април,  па ќе биде нов датум, кој ќе биде, до тој датум  Изборниот законик, обврските на државните органи посебно МВР кај што е матичната служба имат периодична обврска на три месеци да достават извештај за ажурирање на Избирачкиот список. Изборниот законик вели дека сите граѓани кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години мора да бидат на Избирачки список по службена должност од списокот што ќе го достави дотичното Министерство до ДИК по распишување на изборите. Значи, тука нема никаков проблем во смисла на она што е санкционирање на состојбата, рече Џафери вечерва во гостување на емисијата Вин-Вин на ТВ Телма

Тој појасни дека нема обврска да одговори на иницијативата поднесена од 35 пратеници за повторно свикување на Собранието кое е распуштено за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со ковид-19 од страна на претседателот Стево Пендаровски.

– Изричито мое право и надлежност  како претседател на Собранието е дали ќе свикам или нема да свикам седница. Ако сметаат дека сум ја злоупотребил својата функција можат да поднесат кривична пријава, вели Џафери.

Според него, престанокот на мандатот на пратениците за претставување на граѓаните престанал месец и повеќе дена откако настапија условите за причината за вонредна состојба и од таа причина, вели, ние не може да се вратиме да одлучуваме. Тој го повтори ставот дека самораспуштен Парламент не може да решава веќе, бидејќи го вратил мандатот на суверенот, а Уставниот суд е единствен орган кој суди по основ на конфликт на надлежности. Ваквиот негов став, смета дека е во согласност и со одлуката на Уставниот суд за поништување на одлуките за одложено распуштање на Собранието од 18 јануари и 23 февруари, 2016 година.

-Со решението за свикување седница за да вратам Парламент кој што се решил да го врати својот мандат јас го прекршувам Уставот и правам кривично дело злоупотреба на службената должност и функција. ..Во моментот кога сум констатирал според процедурите дека Собранието со 108 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан, констатирам дека Собранието донело одлука за распуштање. Од тој момент не земјотрес, не оган, не епидемија, пандемија не постои Собранието со право да одлучува. Тоа треба да го разберетете како дух на Уставот. Јас немам персонално, лично право ниту институционално право да го вратам, појаснува Џафери.

Тој посочува и дека фактичка состојба што Собранието не може да се врати е и што претседателот на државата при првиот предлог од Владата за донесување одлука за вонредна состојба, го прифатил неговото укажување дека Собранието не може да се состане.

- При втората одлука претседателот парафразирам вика мислам дека Собранието може да се состане, претседателот на Собранието не е подготвен да прифати одоворност, јас ја преземам одговорноста. Ако така мислел претседателот на државата вториот пат, требало да мисли и првиот пат и да каже кога му го пратив писмото првиот пат дека Собранието не може да се состане и дека има поинакво мислење. Требало да каже „не“ јас имам поинакво мислење, не донесувам одлука и или да ми го врати актот па јас да го препратам до Уставниот суд или пак тој да го препрати до Уставниот суд и да отвори спор меѓу налдежностите на властите. Уставниот суд одлучува за спорови меѓу властите – законодавна, извршна и судска, рече Џафери.

Тој со забелешка и што Владата при вториот предлог за нова одлука за втората вонредна состојба, како што рече, не ја запазила формата, односно не ја запазила постапката и втората предлог одлука да ја достави прво до Собранието, а тој потоа да ја препрати до претседателот на државата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе