Американецот Џеф Капс решил да ја напушти работата, а потоа почнал да работи во американската поларна станица „Амундсен-Скот“. Тој во интервју откри детали од својот живот на оваа необична локација.
„Работев како автомеханичар. Еден ден еден стар пријател ми рече дека им треба механичар за да работи на моторни санки на Јужниот Пол и јас бев многу заинтересиран“, изјави тој за Mirror.
Годишно заработува околу 70.000 евра. Тука ја запознал својата девојка Мишел. Живеат заедно со истражувачи кои ги анализираат климатските промени и слично.
„Објектот во кој живееме го нарекуваме во наш вселенски брод бидејќи е на повеќе од илјада километри од следната истражувачка станица. Ние сме целосно изолирани од сè“, вели Џеф.
Со Џеф и Мишел во истата градба живеат 43 луѓе.
„Градиш екстремно блиска заедница затоа што ги гледаш истите луѓе секој ден. Сè е прилично добро додека не ја отвориш вратата, а потоа сè се менува“. Раскажа и како некогаш поправал возила на -76 степени Целзиусови.
„Најлошо е кога студот ќе погоди кој било дел од кожата што не сте го покриле. Чувствувате како некој да ве прободува со нож“, опиша тој.
И покрај сите предизвици, Џеф верува дека дружењето е најдобриот дел од животот на Јужниот Пол.
„Ние сме како големо семејство. Се караме, но сепак се почитуваме. По расправијата правиме забава и уживаме во виски“, открива.
Џеф е активен на Instagram, каде објавува многу интересни детали од Јужниот Пол. Неодамна го привлече вниманието објавувајќи фотографија од неговиот ручек направена на -64°C. Имено, тој фотографираше целосно замрзнати нудли и газиран сок.