Синоќа на терените во НБА се одиграа четири натпревари од првото коло од плеј-офот, а Далас Маверикс претрпе тежок пораз на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс.

Клиперс победија со 109:97, што не е резултат што навестува катастрофа, но играта на Далас изгледаше така во добар дел од натпреварот.
Во првото полувреме Лука Дончиќ и соиграчите не можеа да погодат речиси ништо и шутираа само 25% од поле, па по две четвртини резултатот беше 59:30 за Клиперс.
Доминацијата на Клиперс продолжи и во вториот дел од мечот, а Далас само успеа да ја ублажи загубата во меч во кој тимот изгледаше како раштиман оркестар.
Заедно со Ивица Зубац, Џејмс Харден им одржа лекција по кошарка на Мавс, одличниот плејмејкер постигна 28 поени и подели 8 асистенции, додека хрватскиот центар блескаше со 20 поени и 15 скока. Кај Далас, Дончиќ постигна 33 поени, а Кајри Ирвинг 31.
Сигурен триумф забележа најдобриот тим во лигата во регуларниот дел, Бостон. Селтикс на домашен терен го победија Мајами со 114:94, а Џејсон Тејтум забележа трипл-дабл со 23 поени, 10 скока и 10 асистенции.
И покрај отсуството на повредениот Јанис Адетокунбо, Милвоки поведе со 1:0 во серијата против Индијана, победувајќи со 109:94.
Кај Бакс блескаше Демијан Лилард со 35 поени, додека Крис Мидлтон додаде 23 поени. На Пејсерс не им помогна ниту бруталната партија на Паскал Сијакам од 36 поени и 13 скока.
На крајот Оклахома го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 94:92, а Си Џеј Меколум промаши за победа на гостите на звукот на сирената.
Бостон - Мајами 114:94
ЛА Клиперс - Далас 109:97
Милвоки - Индијана 109:94
Оклахома - Њу Орлеанс 94:92.