Дали ажурирањето на Google Chrome ќе го спречи трошењето на RAM меморијата?

Бидејќи сѐ повеќе и повеќе се работи во веб-прелистувачот, ограничувањето на количината на RAM меморија што ја користи Chrome е врвен приоритет за Google.

Според Windows Latest, гигантот за пребарување посветено работел на поддршката PartitionAlloc-everywhere за својот прелистувач, за да го подобри начинот на кој работи на Windows 10, Android, Linux и на други платформи.

Штом PartitionAlloc-everywhere се спои во изворниот код на Chrome, тоа ќе му овозможи на прелистувачот побрзо да стартува, побрзо да ги вчитува внатрешните страници и да понуди подобрено управување со ресурсите, што значи дека ќе користи помалку RAM меморија, пишува Techradar.

Google прв почна да работи на додавање поддршка за PartitionAlloc Chrome минатата година, и сега е достапен на корисниците во бета-каналот на прелистувачот за Android и Windows.

Компанијата ја овозможи оваа функција и на Linux, но се покажа дека е многу потешка за спроведување. Според Chromium bug, инженер на Google обезбедил дополнителни детали за напредокот на компанијата со PartitionAlloc на Windows, Android и Linux. Google, исто така, спроведе друг експеримент насочен кон намалување на употребата на меморијата во Chrome, во кој комбинираше regular и aligned партиции на прелистувачот, за да утврди дали тоа може да доведе до подобрување на перформансите.

Покрај верзиите на својот компјутерски прелистувач, компанијата во моментов ја тестира PartitionAlloc-everywhere за Android. Досега, овие тестови резултираа во подобрена меморија, перформанси и стабилност при користење на Chrome на мобилен уред. Корисниците на бета-каналите на Android и Windows сега можат да го тестираат PartitionAlloc за да уверат дали функцијата помага во намалување на RAM меморијата што ја користи прелистувачот.

Тагови
реклама

Интересни факти кои веројатно не ги знаете за машкиот оргазам

Read more

Ѓоковиќ: Се чувствувам ужасно

Read more

Порно ѕвезда ги открива најголемите лаги за индустријата за возрасни

Read more

Американски дипломат дрогирал и силувал 23 девојки додека работел во амбасада во Мексико

Read more

Софтвер

Snapchat бележи најголем раст, сега има 293 милиони корисници

Read more

Претставен Windows 365 – кои погодности ги нуди?

Read more

Три корисни трикови за iPhone што треба да ги знаете

Read more

Google забрани уште 25 Android апликации  - избришете ги веднаш

Read more
 

Гик

Sony продаде повеќе од 10 милиони конзоли PlayStation 5

Читај повеќе

Претставени Huawei P50 и P50 Pro

Читај повеќе

Рускиот модул Наука ја дестабилизираше Меѓународната вселенска станица

Читај повеќе

Google ќе ги забрани апликациите за купување сексуални услуги на интернет

Читај повеќе

Motorola ги претстави Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite

Читај повеќе

Профитот на Facebook поголем за 10 милијарди долари во вториот квартал од лани

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна да работи најмоќната приливна турбина во светот

Читај повеќе

Xbox Series X и S се најбрзо продаваните Xbox конзоли

Читај повеќе

Ајнштајн бил во право за црните дупки

Читај повеќе