Дали бебињата плачат во утробата на мајката?

Сигурно сте сретнале трудници кои весело ви раскажуваат како бебето почнало да им клоца во стомакот, но дали некогаш сте се запрашале дали бебињата почнуваат да плачат додека сѐ уште се во утробата.

Видео објавено во 2005 година покажува фетус во 33-та недела со изрази на лицето кои јасно се гледаат на ултразвук и изгледаат како бебето да плаче.

Откако истражувачите го стимулирале фетусот со бучава и вибрации, го виделе како ја отвора вилицата, ја повлекува брадата и издишува три големи издишувања по ред додека истовремено ги крева градите и ја навалува главата назад, што завршува со тресење на брадата.

З начи, дали бебињата плачат во утробата? Надја Рајсланд, психолог од Универзитетот Дурам во Обединетото Кралство, вели дека зависи од тоа како го дефинирате плачењето.

„Ако вашата дефиниција за плачење е силен, неартикулиран плач или крик што изразува силно чувство или емоции, тогаш бебињата не плачат во утробата“.

Тим на истражувачи предводени од Надја Рајсланд откриле, гледајќи ги сликите од ултразвук, дека фетусот вежба движења на лицето кои се исти кога плаче додека  ѐ уште е во утробата. На тој начин се подготвуваат за раѓање и ослободување на функционалниот врисок карактеристичен за првиот здив на бебето надвор од мајчината утроба.

Меѓутоа, дали гласните жици вибрираат и дали бебињата се обидуваат да произведат звук додека сѐ уште се во утробата, невозможно е да се знае.

Целта на истражувањето спроведено од Рајсланд е да развие корисна алатка која би овозможила идентификација на развојни нарушувања и други здравствени состојби.

реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе