Дали црните дупки се зголемуваат како што универзумот се шири ?

Црните дупки кои досега ги откривме во вселената се поголеми од очекуваното, а научниците можеби имаат одговор зошто. Имено, можно е црните дупки да растат како што се шири универзумот.

Според новата хипотеза, наречена „космолошка спојка“, сите објекти со маса растат заедно со ширењето на универзумот, кое започна по Големата експлозија. Сепак, оваа појава е особено изразена во црните дупки, кои се едни од најмасивните објекти кои постојат.

Поголеми отколку што би требало да бидат

Врз основа на проценетата дистрибуција на големини на ѕвездите во вселената, црните дупки би требало да имаат маса помала од околу 40 соларни маси. Но, анализата на гравитационите бранови покажува дека многу црни дупки имаат повеќе од 50 соларни маси, а некои се дури 100 пати помасивни од нашето Сонце.

Најдоброто објаснување за овој проблем беше тоа што црните дупки растат со текот на времето додека вовлекуваат гас, прашина, ѕвезди, па дури и други црни дупки. Но, бидејќи црните дупки често се формираат по моќните ѕвездени експлозии (супернови), многу од нив немаат дополнителен материјал околу себе.

Според најновите истражувања, огромните маси на црни дупки можеби не се резултат на голтање на околните објекти, но веројатно на некој начин се поврзани со проширувањето на самиот универзум. Тоа би значело дека сите црни дупки во вселената всушност растат со текот на времето, пишува Space.com.

И луѓето тогаш би станале помасивни со ширењето на универзумот

За да ја истражат нивната хипотеза, истражувачите моделираа спојување на две црни дупки во вселената што се шири наместо да е статично. Бидејќи се потребни само неколку секунди за да се судрат две црни дупки, научниците досега во моделите воведуваа само статична средина.

Но, експертите кои го направија новото истражување не се согласуваат со ова бидејќи ги исклучува потенцијалните промени во двете црни дупки во текот на милијарди години од нивното постоење пред времето на спојувањето.

Симулирајќи милиони парови ѕвезди, од нивното раѓање до нивната смрт, астрономите ги анализираа оние што станаа спарени црни дупки за да видат дали и колку добиле во маса пропорционално со ширењето на универзумот. Тие сфатија дека нивниот раст се совпаѓа со ширењето на универзумот.

Ако понатамошните студии покажат дека тоа е точно, тоа значи дека сè што има маса станува поголемо со текот на времето - Сонцето, неутронските ѕвезди, планетите, па дури и луѓето. Се разбира, кај нас тоа би било многу помалку забележливо отколку во црните дупки.

Студијата Cosmologically Coupled Compact Objects: A Single-parameter Model for LIGO–Virgo Mass and Redshift Distributions беше објавена во The Astrophysical Journal Letters.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе