Дали да им веруваме на метеоролозите кога „гори“ асфалтот?

Вредностите при стандардното мерење на температурата во сенка, на висина од два метра во летните месеци, споредени со температурата на асфалтот може да варираат од 10 до 20 степени Целзиусови.

Со цел временската прогноза да биде точна, се вршат и висински метеоролошки мерења, а овие податоци се добиваат со лансирање метеоролошки балони.

Директорот на Републичкиот хидрометеоролошки институт на Србија, Југослав Николиќ, вели дека на овој начин се добиваат метеоролошки параметри до 30 километри во висина, кои се од стратешко значење не само за временската прогноза, туку и за безбедноста на авионите, и за акциите насочени кон намалување на ризикот од град, како и елементарни непогоди.

Што се однесува до мерењето на температурата на земјата, таа се мери според одредени стандарди и на ист начин во секоја земја за да може да се споредуваат податоците.

Кога е олку жешко, како оваа сезона, граѓаните често немаат доверба во метеоролозите и убедени се дека температурата е многу повисока од официјалната.

Николиќ забележува дека температурата се мери во сенка на висина од два метра, а тоа е температурата што се објавува. Како што посочува тој, тоа може значително да отстапува на отворен простор од температурата на асфалтот, или на земјата - разликите можат да бидат од 10 до 20 степени Целзиусови.

Првите податоци пристигнуваат во компјутерскиот центар.

„Тука се собираат сите податоци и производи што нашите прогнозери ги користат за да направат краткорочни, сезонски и долгорочни временски прогнози“, објаснува директорот на РХМЗ, додавајќи дека нумеричката прогноза е уште поточна.

Со цел да се подобри прогнозата во цела Југоисточна Европа, Николиќ нагласува дека Републичкиот хидрометеоролошки институт на Србија иницирал формирање на таканаречен Конзорциум за нумеричко предвидување со понуда на стручна помош и соодветни алатки.

Метеоролозите во Македонија за денеска прогнозираат сончево и многу топло време, попладне со умерена облачност, а кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе