Дали Џорџ Орвел ќе лајкуваше, твиташе и срцкаше?

Во познатиот роман „1984“, Џорџ Орвел покажа како технологијата, на еден злокобен начин, би можела да се користи во иднината. Што би рекол денес?

Интересен прилог на телевизијата BBC ни дава (хипотетички) одговор на прашањето дали Џорџ Орвел би ја користел модерната технологија.

„Роден е како Ерик Блер. Името Џорџ Орвел било измислено да биде ‘што е можно поанглиско’. Орвел е река во Сафолк, а Џорџ е старо англиско име. Може да се каже дека Џорџ Орвел навистина направил ‘верзија на себе’, со која ги потпишал сите дела“, вели Адам Стоук, од универзитетот Јорк Сент Џон.

На некој начин, додава Стоук, ликот на Џорџ Орвел е сличен на тоа како го „креираме“ нашиот идентитет, односно како се претставуваме, особено на социјалните мрежи.

„Како и повеќето луѓе од тоа време, Орвел бил фасциниран од технологијата и нејзините можности, без да има ни најмала идеја како таа всушност функционира. Орвеловата ‘1984’ е полна со примери за тоа како технологијата може да им помогне на угнетувачките режими и системи“, истакнува Д. Џ. Тејлор, биограф на Орвел.

Како што објасни Адам Стоук, разликата помеѓу книгата „1984“ и сегашното време е во тоа што, во романот, целата технологија е во сопственост на државата, што не е случај денес.

„Машината е тука, а нејзината моќ да ги корумпира луѓето е речиси неодолива“

„И ние можеме да учествуваме и во користењето на технологијата. Нему веројатно би му пречело тоа како лагите може многу брзо да се рашират на интернет“, смета Стоук.

Од друга страна, Тејлор ја потенцира опсесијата на Орвел за тоа како ќе изгледал светот во иднина.

„Сосема е можно ако Џорџ Орвел живееше во денешно време да има профили на социјалните мрежи, во обид да напише некаков есеј за тоа како тие функционираат, исто како што пишуваше есеи за списанијата што ги читаа тинејџерите во негово време“, заклучува Тејлор.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе