Дали одредени крвни групи се поподложни на автоимуни болести?

Некои истражувања сугерираат дека можеби сте повеќе подложни на автоимуни болести поради вашата крвна група.

Др. Карл Ландштајнер ја доби Нобеловата награда за создавање на системот за крвни групи АБО, најпознатиот метод за класификација на крвните групи.

Кои крвни групи постојат?

Вашата крвна група се одредува според типот на протеин кој се наоѓа во црвените крвни зрнца наречени антигени, а групата е именувана по нив. На пример, крвната група А има антигени А, а тука се уште и Б, АБ и О. Веројатно знаете дека има негативна и позитивна крвна група, а тоа е присуство на антиген наречен Rh фактор, па ако вашата крвна група е А + тоа значи дека антигенот се наоѓа на површината на црвените крвни зрнца, а групата - значи дека го нема.

Автоимуните болести се состојба која се развива кога имунолошкиот систем ги напаѓа здравите клетки во телото, иако сè уште не е целосно јасно зошто некои луѓе ја развиваат, се претпоставува дека фактори од околината и генетиката влијаат на тоа.

Дијабетес

Дијабетесот тип 1 е автоимуна болест во која телото ги напаѓа клетките на тироидната жлезда. Тип 2 е состојба кога телото станува отпорно на инсулин или не произведува доволно од него, а некои научници веруваат дека тоа е и автоимуна состојба, но потребни се повеќе истражувања.

Податоците не се совпаѓаат во сите области, но некои истражувања го тврдат ова:

Студијата спроведена минатата година покажа дека групата 0 е поврзана со намален ризик за развој на дијабетес тип 2, а групата Б со зголемен ризик.

Друга студија од истата година открила зголемена шанса за луѓе со крвна група А.

Студија од пред 5 години, спроведена во Пакистан, дошла до слични резултати и истакнува дека луѓето со крвна група Б имаат најголема веројатност да заболат од овој тип на дијабетес.

Ревматски болести

Оваа група на болести опфаќа повеќе од 200 состојби, а се манифестира со појава на болки во зглобовите, конективното ткиво и тетивите.

Студијата спроведена во 2017 година во Турција ја проучувала врската помеѓу крвната група и појавата на автоимуни ревматски заболувања. Утврдено е дека е почеста кај луѓе со одредена крвна група.

Најчестите болести кај луѓето со крвна група А се:

  • Спондилоартритис
  • Васкулитис
  • Мешана болест на сврзното ткиво
  • Бехчетов синдром
  • Ревматичен артритис
  • Болести кои се почести во крвната група 0:
  • Семејна медитеранска треска
  • Системски лупус еритематозус
  • Системска склероза
  • Сјогренов синдром

Сите овие болести се поретки кај луѓето со крвна група АБ.

Лупус

Лупус е хронична автоимуна болест која може да влијае на различни делови од телото, вклучувајќи ја кожата, зглобовите, срцето, белите дробови, крвта, бубрезите и мозокот. Најчестата форма на лупус се нарекува системски лупус еритематозус.

Студија од 2019 година, спроведена во Иран, ја забележа оваа форма на лупус почесто и со посериозни симптоми во групите А и Б.

Студијата спроведена во Бразил покажа дека луѓето кои ја имаат оваа форма на лупус и имаат крвна група А имаат зголемен ризик да имаат малку посилни симптоми на болеста.

Воспалителна болест на цревата

Постојат два важни типа на воспалителна болест на цревата - улцеративен колитис и Кронова болест. Еве што велат последните податоци за овие состојби и крвна група.

Студија спроведена во 2016 година во Кина не откри врска помеѓу крвната група и превенцијата од болести. Тие откриле дека луѓето со крвна група АБ подобро реагираат на терапијата со лекови.

Студијата спроведена минатата година не откри врска помеѓу крвната група и развојот на улцеративен колитис.

Една неодамнешна студија од Кореја покажува како крвната група 0 може да дејствува како заштитен фактор против развојот на Кронова болест.

Студијата спроведена подоцна во Италија покажа дека луѓето со крвна група 0 имаат помала веројатност да развијат Кронова болест или да имаат сериозна форма на болеста.

Мултипла склероза (МС)

МС е автоимуна болест која се јавува кога имунолошкиот систем го напаѓа заштитниот слој на нервите.

Студија спроведена во 2019 година покажува дека луѓето со крвна група А+ и Б+ имаат зголемен ризик од развој на МС.

Целијакија

Досега, научниците не утврдиле врска помеѓу развојот на целијакија и крвната група, но повеќето луѓе со целијакија имаат антитела во телото кои се специфични за оваа болест.

Хашимотов тироидитис

Хашимотов тироидитис спаѓа во групата на автоимуни болести, најчеста причина за намалена функција на тироидната жлезда (хипотироидизам). Со Хашимотов тироидитис, може да има појава на гушавост, иако тироидната жлезда може да има нормална големина.

Студија од 2019 година откри докази дека може да има врска помеѓу групата 0 и оваа болест. Студијата следеше лица со болест на тироидната жлезда, а Хашимотов во повеќето случаи имаа оние со група 0.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Здравје

Доктор предупредува на необичен симптом на прстите што не треба да се игнорира

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Кето диетата може да го забрза формирањето на „зомби“ клетки

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more
 

Магазин

Доктор предупредува на необичен симптом на прстите што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Читај повеќе

Кето диетата може да го забрза формирањето на „зомби“ клетки

Читај повеќе

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе