Дали приведувањето на Грета во Германија беше изрежирано?

Германската полиција негираше дека полицајците се однесувале како „статисти за Грета Тунберг“ откако се проширија теории дека нејзиното приведување на протестот во западна Германија било изрежирано.

Грета и други активисти се обидоа да го спречат уривањето на напуштеното село Луцерат заради проширување на рудник за јаглен.

Видео од приведувањето на Грета брзо стана вирално. На видеото се гледа насмеаната Грета како стои во друштво на двајца полицајци, додека во исто време околу неа се движат фотографи. Во близина има уште неколку полицајци кои чекаат да се изврши апсењето. Таа снимка ги поттикна шпекулациите дека приведувањето на климатската активистка е всушност лажно.

URL

„Полицијата чекаше од логистички причини“

„Никогаш не би се согласиле да учествуваме во такво нешто“, рече портпаролот на локалната полиција, негирајќи дека приведувањето било лажно. Тој ја истакна важноста полицијата да ја гарантира заштитата на медиумските работници. Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија за BBC потврди дека полицајците и Грета чекале од логистички причини.

„Мораа да почекаат неколку минути пред да ја доведат до полициското возило“, изјави портпаролот на Министерството. Тој додаде дека „целата ситуација ја искористиле оние со политички мотиви, а вистинската причина е сосема практична и приземна“.

Кристијан Вернике, новинар од германскиот весник Süddeutsche Zeitung, кој во тоа време бил таму, рече дека полицајците „одлучиле да ја продолжат проверката на идентитетот и чекале да ја одведат Грета до полициското возило“.

„Мојот впечаток беше дека настана конфузија. Грета не беше првиот демонстрант што беше однесен од протестот“, додаде Верник.

„Видов различни реакции на видеото. Некои велат дека видеото изгледа како полицијата да сака да ја засрами, а други дека сето тоа е дел од некаква пропаганда. Луѓето го толкуваат и го користат ова видео за свои мотиви", заклучува новинарот.

Remote video URL
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Свет

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Read more

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Read more

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе