Дали Русија ќе одговори на протерувањето на дипломатот од Скопје?

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија вчера соопшти дека протера дипломат од руската амбасада во Скопје, што не ја исклучува можноста за слична реакција од Москва.

Властите во земјава, која има добри односи со Русија, не ги наведуваат причините што довеле до одлуката. Ова е само второ протерување дипломати од осамостојувањето на Македонија во 1991 година. Во 2018 година, Скопје протера руски дипломат во знак на солидарност со Велика Британија, која го обвини Кремљ за обид да убие еден од поранешните агенти на нејзина територија.

„Амбасадорот на Руската Федерација беше повикан на 14 мај да му биде врачена нота со која му е наредено назначениот дипломат да ја напушти земјата“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

„Не беше импровизација“

Руската амбасада во Скопје за локалните медиуми изјави дека ќе размисли за реципрочни мерки. Владини извори прецизираат дека однесувањето на тој дипломат не е во согласност со нормите на Северна Македонија, која реагираше за да го заштити нејзиниот суверенитет.

Претседателот Стево Пендаровски рече дека дипломатскиот потег е поврзан со чувствителни теми.

„Врз основа на она што го видов, случајот беше документиран од релевантни институции. Тоа не беше импровизација. Меѓутоа поради природата на работата не можам понатаму да коментирам“, изјави Пендаровски.

Во врска со дадениот рок од седум дена за напуштање на државата, Пендаровски додаде дека се водело сметка и за човечкиот аспект, а не само за дипломатската конвенција.

„Се водеше сметка да не биде тоа преку ноќ, тие луѓе имаат семејства, имаат други интереси, не е хумано да постапуваме на таков начин“, додаде претседателот.

Русија се соочи со низа протерувања на своите дипломати во Европа, по обвинувањата на чешки официјални лица дека руските агенти биле одговорни за експлозиите во магацин со оружје во 2014 година.

САД исто така протераа руски дипломати по обвинувањата за руско мешање во изборите во САД. Северна Македонија е кандидат за пристап во Европската унија и во повеќето случаи се придржува кон надворешната политика на европскиот блок.

Годинава, последен случај кога Москва критички се осврна на потезите на Скопје, беше информацијата дека Северна Македонија е дел од земјите кои се придружиле на пакетот санкции на ЕУ кон Русија поради апсењето на рускиот опозиционер, Алексеј Навални. Тогаш медиумите пренесоа изјава на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, која осврнувајќи се на ваквиот потег на Подгорица и Скопје, изјавила дека двете земји во корист на „сојузништво“ со трети земји механички поддржуваат одлуки во чие носење не ни учествувале, со што само ја поткопуваат довербата и не го стимулираат развојот на билатералните односи со Русија, пишува Deutsche Welle.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Македонија

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Read more

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Read more

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Read more
 

Вести

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Читај повеќе