Иако сончањето за време на бременоста е поврзано со бројни придобивки, прекумерното изложување на сонце може да има долгорочни последици и за мајката и за нероденото дете.
Лекарите предупредуваат дека претераното сончање носи ризик од рано стареење на кожата и појава на рак на кожата, односно меланом. Ситуацијата е уште поопасна кога жената е бремена бидејќи сето тоа може да има несакани последици по здравјето на плодот.
Како што објави Very Well Family, трудниците треба да внимаваат предолгото изложување на сонце да ја подигне температурата на телото на жената, што доведува до зголемување на температурата на бебето.
Лекарите предупредуваат дека тоа може да предизвика оштетување на мозокот. Покрај тоа, долгото сончање на плажа го зголемува ризикот од дехидратација, што е особено опасно за трудниците и бебињата.
Можни се и несакани промени на кожата. За време на бременоста, естрогенот во нашето тело може да го зголеми ризикот од хлоазма, односно зголемена пигментација на кожата кога сме прекумерно изложени на сонце и неговите ултравиолетови зраци, а овие промени може да останат на кожата дури и по бременоста.