Дали сте знаеле дека жените се поподложни на топлотен удар од мажите?

Жените би можеле да бидат поранливи од мажите на екстремните температури кои деновиве се бележат во Европа, сметаат експертите.

Денеска Министерството за здравство соопшти дека под влијание на топол бран во Македонија следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.

Особено топло ќе биде во четврток и петок кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, известува УХМР.

Се препорачува да се избегнува излегување надвор во периодот од 10 до 17 часот. Во тој период да се избегнуваат физички активности, да се седи во затворени климатизирани простории.

Меѓу ризичните групи, покрај постарите од 75 години, бебињата и малите деца, лицата со тешки физички и психички заболувања, спаѓаат и жените, според студија спроведена во Холандија, која ја разгледа стапката на смртност по топлотните бранови и откри дека постарите жени имаат поголем ризик од смрт од мажите. Истражувачите наведуваат дека резултатите не може да се припишат само на возраста, пренесува британски Guardian.

„Кога ја земавме предвид еднаквата возраст, стапките на смртност кај жените сè уште беа 15 отсто повисоки“, напиша тимот во анализата на податоците од топлотниот бран во 2003 година што ја погоди Франција.

Друга студија, направена од истражувачи од Германија и Холандија, ги разгледа 23-годишните податоци за температурата од Холандија заедно со податоците за стапката на смртност. Тие откриле и разлики меѓу жените и мажите.

„Смртноста поврзана со топлина е почеста кај жените отколку кај мажите, особено кај најстарата возрасна група (над 80 години) изложена на екстремна топлина“, објаснуваат научниците од студијата.

Се чини дека ова не се објаснува со фактот дека постарите луѓе се поподложни на топлина и дека жените генерално живеат до постара возраст од мажите, додаваат тие.

Според авторот на студијата, Хајн Даанен, професор по физиологија на Универзитетот во Амстердам, тимот шпекулирал дека помалото производство на пот кај жените во однос на мажите може да игра улога.

„Грубо земено, постарите луѓе се потат половина повеќе од младите, а жените се потат половина од мажите“, вели Даанен. Со други зборови, се вели во студијата, „способноста на постарите жени да ја регулираат телесната температура преку потење е најниска од сите групи“.

Тимот исто така наведува дека стресот на кој е изложен кардиоваскуларниот систем на топлина може да биде одговорен за поголема смртност.

„Кардиоваскуларниот стрес е поголем кај жените, што потенцијално ја објаснува нивната повисока стапка на смртност на повисоки температури“, напишаа истражувачите.

Друга можност, додаваат тие, е дека постарите жени имаат поголема веројатност да живеат сами, познат ризик фактор за топлотни бранови, и генерално се помалку активни од мажите, иако се поактивни во домаќинството.

„Жените кои се помалку фит и продолжуваат да се занимаваат со домашна работа за време на топлотните бранови се изложени на поголем ризик од прегревање од мажите, што предизвикува стрес на нивниот кардиоваскуларен систем“, напишаа истражувачите.

Оли Џеј, професор на Универзитетот во Сиднеј, исто така наведува дека студиите покажале дека максималната стапка на пот кај младите здрави жени е помала отколку кај нивните машки врсници.

„Сè уште не знаеме дали тоа е причината за повисоките стапки на смртност кај жените за време на топлотните бранови. Нејасно е дали постои корелација помеѓу полот и возраста“, објаснува Џеј.

Мајк Типтон, професор по физиологија на Универзитетот во Портсмут, вели дека жените можеби се поранливи бидејќи имаат повисока телесна температура по овулацијата и често се помали од мажите. Затоа, тие имаат поголем сооднос на масата со површината на телото, што значи дека побрзо се загреваат.

Сепак, „најверојатниот одговор е дека тоа е комбинација на фактори и треба да направиме повеќе истражувања за да разбереме што се случува“, вели Џеј.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе