Дали Тајсон ќе се соочи со стариот ривал по 23 години?

Евандер Холифилд, поранешен шампион во бокс во тешка категорија, верува дека ќе има и трета борба против Мајк Тајсон, 23 години откако се соочија последен пат.

И во двете досегашни борби Холифилд беше подобар. Во ноември 1996 година, тој го победи Тајсон со технички нокаут, а половина година подоцна направија реванш што стана една од најпознатите борби во историјата на боксот. Тогаш, Тајсон беше дисквалификуван откако во третата рунда го гризна Холифилд за уво и му откина парче.

За потсетување, 54-годишниот Тајсон е во форма - се бореше на добротворен спектакл против Рој Џонс кон крајот на ноември, што беше негово враќање во рингот по 15 години. Холифилд не се борел 11 години.

Борбата меѓу Тајсон и Џонс беше без победник, како што беше претходно договорено, а преносот го купија дури 1,6 милиони луѓе.

Тајсон виде придобивка во ова (борбата донесе приход од 80 милиони долари) и сега поголеми се шансите да се согласи да се бори против Холифилд, кој го предизвика. И Холифилд верува во тоа.

„Разговаравме и се чини декa борбата ќе се случи. Јас сум многу убедлива личност и мислам дека ќе се случи. Ајде!“, изјави 58-годишниот Холифилд за TMZ.

URL
Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Останати спортови

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more
 

Спорт

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе