Дали воопшто треба да правите тест за антитела?

Сè уште има многу непознати во врска со коронавирусот, вклучувајќи го и прашањето за времетраењето на имунитетот по надминување на инфекцијата.

Прашањето збунува многумина, од научници до обични луѓе кои би сакале да знаат до кој степен се заштитени по првата доза на вакцината.

На некои прашања може да се одговори со тестирање на антитела, но тие не даваат целосен одговор кога станува збор за нивото на имунитет.

Кои видови тестови за антитела ни се достапни?

Постојат два основни типа: тестови кои мерат дали антителата се присутни воопшто во организмот и други кои испитуваат до кој степен тие антитела се ефикасни против вирусот.

Првите се многу сигурни ако сакате да утврдите дали сте имале COVID-19. Вторите, познати како тестови за неутрализација, се изведуваат со доведување на крвен серум во контакт со делови од коронавирусот во лабораторијата за да се утврди каква е прецизноста на антителата.

Иако ниту еден тест не нуди апсолутна безбедност, безбедно е да се каже дека „позитивниот тест за неутрализација речиси секогаш значи дека сте заштитени“, вели германскиот медицински биохемичар Томас Лоренц.

Имунологот Карстен Вацл исто така истакнува дека тестовите за неутрализација се поточни, но додава дека истражувањето покажало корелација помеѓу количината на антитела и количината на неутрализирачки антитела.

„Со други зборови, ако имате многу антитела во крвта, тешко дека сите тие антитела се насочени кон погрешен дел од вирусот“, рече Вацл.

Ова значи дека дури и едноставен тест за антитела укажува на одреден степен на заштита, но не може точно да ви каже колку.

„Всушност, никој не може да ви каже до кој степен сте навистина имуни. Дури и со голема количина антитела, постои одредено ниво на несигурност “, вели Вацл.

Кои видови антитела постојат?

Постојат три особено интересни видови. „Силите за брзо дејствување“ против вирусот се IgA и IgM антитела. Тие брзо се создаваат, но нивното ниво по завршувањето на инфекцијата се намалува побрзо од третиот тип на антитела. Тоа се IgG антитела, или „мемориски клетки“, кои можат да останат во телото долго време и да „запомнат“ дека Sars-CoV-2 е непријател.

„Оние што ги имаат овие мемориски клетки можат брзо да создадат нови антитела кога е потребно“, објаснува Вацл.

Кога има смисла да се тестираат антитела?

Телото почнува да произведува IgG антитела само неколку дена по почетокот на инфекцијата и затоа треба да се тестира за овој тип на антитела, што е норма, треба да се чека најмалку две недели по инфекцијата.

Од друга страна, тестовите за IgM антитела веќе неколку недели по инфекцијата може да бидат негативни затоа што тој тип на антитела исчезнува брзо.

Серолошките тестови докажуваат присуство на IgM и IgG антитела во крвта, кои се формираат како имунолошки одговор на организмот по контакт со вирусот Sars-CoV-2.

Според моментално познатите податоци, IgM антителата во крвта може да се откријат најрано на крајот на првата недела по појавата на симптомите, додека IgG антителата најчесто се појавуваат кратко време по IgM антителата, во текот на втората недела.

„Тестовите за IgA и IgM антитела не се покажаа особено продуктивни во оваа пандемија“, вели Лоренц.

Што значи ако тестот за антитела е негативен?

Не мора да значи дека не сте заштитени од вирусот. А, оние со негативен тест можат да имаат одредено ниво на заштита благодарение на Т-клетките (Т-лимфоцити), друг метод за борба против организмот против вирусот.

Т-клетките не „скокаат“ на вирусите пред да се „закачат“ на нашите клетки, туку тоа го прават подоцна, односно ги напаѓаат клетките во кои се населува вирусот. Ова ги прави важна компонента на нашиот имунолошки систем.

Многумина кои имале релативно лесна инфекција со коронавирус, брзо губат антитела, но тоа не значи дека нивото на Т-клетки се намалува исто толку брзо, велат епидемиолозите.

Тие истакнуваат дека во некои лаборатории е можно да се изврши тестирање за нивото на Т-клетките.

Дали позитивниот тест за антитела ви дава поголема слобода на движење?

Не. Многу земји ги даваат истите права на целосно вакцинирани лица и оние кои преживеале ковид во последните шест месеци. Но, за второто, доказите се тест за PCR, а не тест за антитела.

Дали има смисла воопшто да се направи тест за антитела?

Има, за луѓе со оштетен имунолошки систем или пациенти кои земаат имуносупресивни лекови, вели Вацл.

„Тие можат да го проверат нивото на антитела во организмот по втората доза на вакцината.

Тој додава дека за сите други, вакцинирани или закрепнати, значењето на тестот е ограничено.

Лоренц вели дека секој што сака да ја процени својата имунолошка заштита од коронавирус, треба да избере тест за неутрализација.

Тој рече дека не размислува за ниту еден случај кога би имало смисла да се направи едноставен тест за антитела, освен ако не сакате да знаете дали имате вирус или не.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more
 

Магазин

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе