Џамбазки: Официјалните власти во Скопје прават „црни“ списоци за забрана за бугарските граѓани

Се огласи бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки по изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски во врска со доаѓањето на бугарските политичари во земјава, кои се членови на мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ.

„Официјалните власти во Скопје прават ‘црни’ списоци за забрана за бугарските граѓани и се фалат со тоа. Само античовечки режим на омраза може да примени вакви трикови во XXI век во Европа!

Во комунистичките режими имало ‘забранети луѓе’, очигледно навиките не се искоренети. Сега останува секој што ќе се осмели да ја каже вистината за бугарската историја и потекло, да биде испратен на Голи Оток и директно пречкртан. Тоа е лицето на оваа античовечка, антибугарска и антиевропска влада⁉️ Каде се овде твоите европски вредности? Како е ова право на слободно движење? Како ова не е антибугарска омраза? Каде е денеска позицијата на активистите за човекови права во Брисел и на националните предавници во парламентот?“, напиша Џамбазки на Facebook.

„Забранените хора“ в отрочето на #Югославия🇲🇰 ❌ Официалната власт в Скопие прави „черни” забранителни списъци за...

Posted by Ангел Джамбазки on Thursday, May 18, 2023

Џамбазки вчера не дојде во Скопје како дел од мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ, чиј член е.

Европратеникот е на таканаречената црна листа на граѓани Бугари на кои им е забранет влез во земјата поради навреди и омаловажувања кон македонскиот народ. Сепак, ова се однесува на приватни посети, но не и како дел на официјални делегации.

И европратеникот Андреј Ковачев не е добредојден во приватна посета.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе