Шефот на Управата за криминалистичка полиција во Србија, Нинослав Чмолиќ, во гостувањето на телевизијата Информер изнесе нови детали за случајот. Тој раскажа дека осомничените мислеле оти Данка е мртва кога ја удриле со автомобил, па ја ставиле во багажникот, но девојчето во еден момент се разбудило.
„Според нивните изјави, тие застанале да уринираат во близина на куќата. Подоцна, кога продолжиле, ја удриле Данка, а потоа ја ставиле во багажникот. Чудното движење на нивното возило било снимено на GPS. Нивните приказни не се поклопуваат за давење на детето затоа што тоа се разбудило додека возеле и ја задавиле. Не може да се договорат кој го направил давењето, а подоцна ја фрлиле на депонија“, рече тој.
„И ден и ноќ се собираат докази. Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат со деталите од ударот, но не се договориле за вистинското убиство на детето. Данка била во несвест по ударот од автомобилот и мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила“, додал тој.