Данска: Експлозиите на гасоводите Северен поток 1 и 2 биле добро испланирани

Данските власти денеска потврдија дека гасоводите Северен поток 1 и 2 во Балтичкото Море на крајот на септември претрпеле голема штета и дека тоа било предизвикано од силни експлозии.

Полицијата во Копенхаген соопшти дека спровела серија истраги на „местата на злосторствата“, со помош на припадници на данската армија и во соработка со данската безбедносна и разузнавачка агенција.

Данскиот министер за одбрана Мортен Бедсков рече дека ситуацијата е „многу сериозна“ и дека „во никој случај не е случајност“.

– Тоа не изгледа само планирано, туку многу добро испланирано, рече Бедсков.

Данската разузнавачка агенција и полицијата одлучија да формираат заедничка група која ќе се занимава со натамошната истрага на инцидентите, соопшти полицијата, додавајќи дека не може да се каже кога може да се очекува таа да биде завршена.

Шведската агенција за безбедност неодамна соопшти дека нејзината прелиминарна истрага за истекувањата од двата гасовода, поблиску до шведскиот брег, „покрена сомнеж за сериозна саботажа“.

Во меѓународните води, но во рамките на ексклузивната економска зона на Данска и Шведска, имаше четири истекувања на цевководите Северен поток 1 и 2, што неколку дена испуштаа големи количества метан, што има ефект на стакленички гас.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе