Де бе, што е проблем да го заобиколиш?

„Де бе, што е проблем да го заобиколиш?“ е позиција на привилегираниот, повештиот. Но градот треба да биде безбеден и удобен и за најранливите, и за најмалку вештите. Точак треба да можат возат и децата и старите, и лицата со посебни потреби, не само физички најспремните.

Вака почнува објавата на #НаТочак, групата ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје, кои постојано работат на активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство.

„Некаде има доволно простор, но покрај контејнерите има мали невидливи рабници кои треба да се засечат под остар агол и на кои лесно се лизнува тркалото, некаде нема ни доволно простор да се помине, некаде е намалена видливоста... Да, позицијата на контејнерите е реален проблем, за некого помал, за некого поголем. Но, не се проблем само позициите“, велат тие.

„Многу поголем проблем е начинот на кој е донесена одлуката, веројатно скокањето на процедурите или лошо дефинираните процедури, несоработката меѓу секторите, несоработката со граѓанскиот сектор.

Минатата година кога бевме известени постфестум дека новите контејнери стигнале и дека ќе прават проблем на велосипедските патеки и да бидеме трпеливи додека не смислат решение, бевме решени да бидеме трпеливи.

Само поставивме неколку прашања во обид да дојдеме до одговор на тоа: како можело воопшто да дојде до ваков проблем, ако секторите соработувале меѓу себе и ако се почитувале процедурите. Едноставно бевме љубопитни како тоа воопшто можело да се случи. И како и секогаш сакавме конструктивно да помогнеме да се коригираат пропустите во правилата и процедурите“, објавнуваат од #НаТочак.

Тие додаваат дека ги поставиле прашањата објавени на блогот, но никогаш не добиле одговор.

„Да, позицијата на контејнерите е реален проблем. Но, уште пореален проблем се нетранспарентноста и ‘ми текна’ одлуките кои не предвидоа однапред дека ќе има привремени решенија, туку сфатија дури откако стигнаа контејнерите.

Ако не се даваат одговори за обични контејнери кои нели не се голем проблем, тогаш што би се случило кога ќе се работи за планирање на населби, за траси на сообраќајници, за покрупни сообраќајни политики?

Дали и за нив нема да се даваат одговори?

Затоа реагираме!“, заокружуваат од #НаТочак.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе