Де Лаурентис откри како Гатузо го зафркнал за Ибра

Златан Ибрахимовиќ денес требало да ги брани боите на Наполи. Сѐ било наредено, но на крајот тогашниот тренер Џенаро Гатузо го прекинал трансферот.

Кога во ноември 2019 Ибра објави дека го напушта Лос Анџелес Галакси, неколку клубови се бореа за неговиот потпис. Најсимпатична беше борбата на „малата“ Болоња која со Синиша Михајловиќ на клупата играше на картата на Србинот, но не успеа да го убеди Златан. Наголемо се шпекулираше дека ќе заврши во Милан, што на крајот и се случи, но никој не знаеше дека Ибра всушност бил веќе преселен во Наполи. Имал потпишано договор и ги договорил сите детали со клубот од Неапол, за на крајот трансферот да пропадне и тоа поради тогаш новоназначениот Џенаро Гатузо, кој оценил дека не му е потребен.

„Имавме сѐ потпишано со Златан, но тогаш Анчелоти доби отказ и беше заменет со Гатузо. Тој (Гатузо) ми се јави и ми рече: 'Верувај, не ни треба Ибрахимовиќ'. И јас му поверував“, вели претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис говорејќи за DAZN.

Карло Анчелоти доби отказ од Наполи на 10 декември 2019 поради слаби резултати, а веќе наредниот ден беше назначен Гатузо на клупата. Откако трансферот во Наполи не му се оствари, Ибра потпиша за Милан на 27 декември и ден денес настапува за овој клуб.

Гатузо без Ибра заврши дури на 7. место таа сезона, додека Швеѓанецот постигна 10 гола за Милан. Наполи не успеа да се пласира во Лигата на шампионите ниту наредната сезона кога заврши 5-ти по што Гатузо веднаш доби отказ. Милан заврши со втор со Ибра кој постигна 15 голови.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе