Децата во зима ни живеат во гасна комора, педијатарот Андоновски алармира за нездравиот воздух

Повеќе од половина од населението во Македонија живее со четирипати повеќе штетни честички во воздухот, според стандардите на Светската здравствена организација. Истражување на британски The Guardian покажа дека Македонија и Србија имаат најзагаден воздух во Европа, се соочуваат со огромна здравствена криза и се области со опасни нивоа на загадување на воздухот. На мапата што ја објави The Guardian, Македонија и Србија се во црна боја.

Истражување на британски The Guardian покажа дека Македонија и Србија имаат најзагаден воздух во Европа, ги обележа во црна боја

Многу мал процент од луѓето се свесни дека загадувањето претставува ризик за здравјето на сите нас, дека може да биде причина за нечија смрт. Топката се префрла од локалната на централната власт и обратно, а бројките на починати лица постојано растат. Апелите на граѓанските здруженија да се реши проблемот што ја стави Македонија на листата на 10 најзагадени земји според веб-страницата што го мери квалитетот на воздухот, IQAir, не допреа ниту до претходната, а ниту до актуелната владејачка гарнитура.

Загадувањето го зема својот данок, според специјалистот педијатар Ангелчо Андоновски, и децата се тие што најмногу страдаат.

„Присуството на ПМ10, ПМ2,5 честичките, тешките метали, бензините, токсичниот отпад, кој постојано е присутен во Скопје, предизвикува безброј проблеми, кои, за жал, предизвикуваат хроницитет, а со тоа и нарушено здравје уште од најраната возраст, можам слободно да кажам – нашите деца зимскиот период го живеат во гасна комора. Возрасните лица се исто така засегнати и се јавуваат со компликации на нивните хронични заболувања и би рекол дека и животниот век е скратен поради комплицирање на нивните состојби со коморбидитети. ПМ10 честичките го напаѓаат белодробието, а ПМ2,5 честичките крвните садови, па затоа и бројот на срцеви и мозочни удари е веќе на највисоко можно ниво“, вели Андоновски.

Нашите деца зимскиот период го живеат во гасна комора, вели Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар

Граѓаните се револтирани од фактот што власта ништо не презема, велат дека се занемаруваат проблемите, кои навистина претставуваат ризик за сите нас. Постојат организации што се занимаваат со ова прашање, но ефектите се речиси и невидливи.

Табелата претставува анализа на податоци на ПM10 честичките од студијата, која е подготвена од професор доктор Дејан Мираковски, а се однесува за Скопје. Заклучокот е дека загадувањето на воздухот ја надминува просечната дозволена граница, што укажува дека дишеме воздух загаден трипати повеќе од дозволеното.

Дишеме воздух загаден трипати повеќе од дозволеното
Децата до 5 години најпогодени од отровниот воздух

Доцент доктор Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје, која ги работи процените за влијанието на загадениот воздух врз здравјето на населението со акцент на смртноста, вели дека хронично болните луѓе со кардиоваскуларни, цереброваскуларни заболувања, респираторни заболувања и други коморбидитети, но и децата под 5 години, се најподложни на влијанијата на загадениот воздух со ПМ-честички, а кој го дишеме.

„Најчувствителните групи на население се деца помлади од 5 години, постари граѓани (над 65-годишна возраст особено), бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе што работат на отворено и пушачи, чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постојни респираторни проблеми се изложени на особен ризик. Иако помладите лица и децата над 5- годишна возраст не спаѓаат во високоризичните групи на население, тоа не значи дека и нивното здравје не може да биде афектирано при краткотрајни изложености на високи концентрации на загадувачки материи“, се дел од пресметките што ги врши Димовска од Институтот за јавно здравје.

Според магистер доктор специјалист Ангелчо Андоновски, појавата на голем број опструктивни заболувања, појавата на астма, појавата на голем број алергии и исто така појавата на фиброза на белодробието се веќе појави што се следат во оваа измината деценија, а и повеќе.

„Одговорност мора да има токму поради фактот дека видливо овој проблем предизвикува огромен број нови заболувања, а и изгубени животи поврзани токму со загадувањето“, вели Андоновски.

Гасификацијата е решение за загадениот воздух

Дарко Блинков, генерален инспектор во Инспекторатот за животна средина, на нашето прашање како Министерството го решава проблемот со загадувањето, вели дека постојано се прават инспекциски надзори во однос на сите поголеми загадувачи. Тој посочува дека следењето на квалитетот на воздухот почнува некаде пред 50-ина години  и додава дека треба многу да се вложува во однос на справување со аерозагадувањето, а според него, главните загадувачи се домаќинствата.

„Најголем проблем имаме со енергентите. Користењето на јагленот, дрвата и пелетите, горивата. На целиот Балкан има лош квалитет на јаглен. Нашето Министерство направи детаљна анализа за објекти што користат разни типови цврсти горива и, за жал  поразителни се резултатите бидејќи најголем дел се од општините или од државната администрација. Станува збор за образовни и здравствени капацитети, каде што вложувањата на државата треба да бидат најголеми, но со оглед на тоа дека поглавјето на животната средина е најобемно и најскапо, а секако државата не е многу израчна со пари“, вели инспекторот Блинков.

Како што истакнува тој, се добиваат средства од донатори од Европската Унија и за десет општини веќе има планови за справување за проблемите со квалитетот на воздухот.

„Инвестирано е во мониторинг-станиците преку субвенционирање мерки. За време на короната беше проблем со струјата и со пелетите. Мислам дека гасификацијата е еден од главните елементи што ќе помогне многу во Македонија да се подобри квалитетот на воздухот. Добар пример е болницата за гинеколошки работи во Чаир, која се приклучи на гасоводната мрежа, како и општите болница во Струмица и Куманово“, посочува Блинков.

Според него, друг значаен индикатор што влијае на загадувањето е сообраќајот.

Оние што имаат возила со поголеми емисии на загадување ќе треба да плаќаат и поскапа регистрација, вели инспекторот Дарко Блинков

„Не само Македонија, туку и целиот Балкан стана увозник на целото европско ѓубре од возила, некогаш тоа биле добри брендови, но по 20-25 години возење, навистина тие возила не користат за ништо, со пробиени катализатори, особено дизел возилата. Може во иднина да биде забранет увозот за одредени возила. И оние што имаат возила со поголеми емисии на загадување ќе треба да плаќаат и поскапа регистрација. Тука би можела државата и да субвенционира мерки, на пример, да се врати старото возило и со доплата да се земе поново. Индустријата исто многу влијае на загадувањето на воздухот. Економијата, екологијата и здравјето некако не одат заедно. Ќе имаме едно, ќе немаме друго. Огромен проблем секако е и пренаселеноста со згради“, завршува Блинков.

Загадувањето во 2021 година е трипати помало од тоа во 1991 година, покажуваат податоците на air.moepp.gov.mk

Според податоците на air.moepp.gov.mk, на табелата од 1990 сѐ до 2021 година загадувањето се намалило, но сепак е над дозволеното ниво.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Македонија

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Read more

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Read more

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе