Џеф Безос покажа како Blue Origin ќе ја прати првата жена на Месечината

По објавата на Blue Origin за тестирањето на погонски мотор за вселенски летови, следеше најавата на компанијата на Instagram со историско соопштение.

Програмата на Blue Origin за моторот BE-7 продолжи во центарот за вселенски летови на НАСА, соопшти Blue Origin на веб-страницата на компанијата. Објавувањето исто така вклучуваше драматично видео со стартување на моторот напојуван од течен кислород и течен водород, а компанијата основана во 2000 година од милијардерот Џеф Безос го сподели на социјалните мрежи.

Remote video URL

Објавата на Instagram започнува вака:

„Ова е моторот што ќе ја однесе првата жена на Месечината.“

Патем, станува збор за ракетен мотор, наменет за лунарниот модул Blue Moon кој му беше претставен на светот во мај минатата година лично од Џеф Безос, со план да биде мисија на Месечината, заедно со слетување, во 2024 година.

Кој ќе ја прати првата жена на Месечината?

НАСА избра три компании кои ќе развијат и изработат вселенски летала со кои во наредниве години астронаутите ќе слетаат на Месечината во рамки на програмата Artemis.

Избрани се компаниите Blue Origin на Џеф Безос, SpaceX на Елон Маск и американската Dynetics која е во сопственост на Leidos, чиј извршен директор е Роџер Крон.

Вкупната вредност на договорите на трите компании, што ќе бидат склучени на период од 10 години, изнесува 967 милиони долари.

САД сакаат до 2024 година на Месечината да испратат уште еден маж астронаут и првата жена астронаут, а се планираат и други мисии. Мисијата во 2024 ќе биде првата мисија со човечки екипаж на Месечината по 1972 година.а

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе