Дефинитивен крај за купе-лимузината на Volkswagen

Во јуни 2023 година, извршниот директор на Volkswagen, Томас Шефер, ги објави плановите за постепено укинување на неколку модели со мал волумен за да се фокусираат на попопуларни автомобили.

Директорот на компанијата конкретно спомна дека Arteon ќе биде „пензиониран“, но не откри кога тоа ќе се случи.

Како што се дознава, оваа атрактивна купе-лимузина веќе е укината. Имено, последната копија на Arteon е направена на крајот на 2023 година.

Мартин Хубе, портпаролот на Volkswagen за Arteon, Passat, Touareg и најавените модели ID.2, потврди дека фабриката во Емден во Германија повеќе не произведува купе-лимузина базирана на стариот Passat. Сепак, караванот, односно верзијата Shooting Brake, останува во производство во фабриката во Оснабрик.

Нема да има промени во „животниот циклус“ на Arteon Shooting Brake, за кој Мартин Хубе рече дека ќе остане во производство до 2026 година. Интересно е што VW никогаш не продавал караван во САД, додека Европејците имаат достапна дури и перформансна верзија R.

Крајот на стандардниот Arteon е уште еден удар за оние кои претпочитаат седан каросерија, со оглед на тоа што најновиот Passat исто така не е достапен како седан.

VW индиректно ги заменува седан верзиите на Arteon и Passat со целосно електричниот лифтбек ID.7.

Брендот од Волфсбург се подготвува да се збогува со автомобилите со мотори со внатрешно согорување, бидејќи неодамна редизајнираниот Golf ќе биде последен од ваков вид со SUS моќ.

Истото важи и за неодамна претставените следната генерација на Tiguan и T-Roc. Планот е да се произведуваат и продаваат само електрични возила во Европа од 2032 година.

Оваа одлука ќе има огромни последици имајќи предвид дека моделите на VW се технолошки тесно поврзани со многу автомобили од Skoda, SEAT, Cupra и Audi.

Тагови
реклама

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Јужниот јазол денеска влегува во Лав: Голема животна промена за три хороскопски знаци

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Авто новости

Работник во Tesla би требало да работи 2,5 милиони години за да заработи колку Маск

Read more

Најконтроверзното Ferrari се продаде за 40 милиони долари

Read more

Побиен еден од најчестите аргументи против електричните автомобили

Read more

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Автомобили

Работник во Tesla би требало да работи 2,5 милиони години за да заработи колку Маск

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзното Ferrari се продаде за 40 милиони долари

Читај повеќе

Побиен еден од најчестите аргументи против електричните автомобили

Читај повеќе

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Читај повеќе

Mansory подготви два екстремни и уникатни Bugatti

Читај повеќе

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Читај повеќе

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Читај повеќе

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Читај повеќе

Повлечени Volvo XC40 возила поради ризик од пожар

Читај повеќе