Делчево го доби првиот Музеј на олдтајмери

Делчево го доби првиот музеј на стари автомобили. Музејот е сопственост на делчевецот Лоренцо Трајановски кој истакна дека истиот располага со 17 олдтајмери кои се изложени во кругот на неговата вила над населбата Милково Брдо во Делчево.

– Од олдтајмерите кои ги имам најстара ми е оваа Volkswagen „Буба“, која неодамна е реставрирана. До неа има уште едно ретко возило Alfa Romeo Alfasud и како што може да забележите овде има само ретки возила. Овде има 17 возила на број и сите се функционални. Имав и други возила, но имаше многу работа по нив и затоа се задржав само на овие возила, вели Трајановски.

Плановите на Трајановски се местото да добие и свој сопствен сервис за поправка на возилата како и изградба на летниковци каде посетители ќе можат да доаѓаат во посета на Музејот и притоа ќе имаат катче за одморање.

– Со моите колеги од здружението, имаме план на ова место да направиме еден мал мини сервис, за некои ситни поправки на возилата, додека околу објектот предвидена е и изградба на летниковци каде ќе може секој да дојде да ги види олдтајмерите и да ги повози ако сака, додава Трајановски.

Во близина на Музејот се наоѓа неговиот насад со сина слива од која изработува домашна ракија со своја сопствена етикета.

– Тоа е долгогодишна наша традиција со која се занимаваме повеќе од 30 години, но претежно за домашна употреба, не продаваме за широка потрошувачка. Тука морам да ја пофалам мајка ми, која ја вари ракијата, имаме посебен казан за тоа. Етикетата ставаме чисто за нас и за пријатели кога подаруваме на некои наши роднини, додава Трајановски.

Освен што е вљубеник во олдтајмерите Трајановски долги години работи како пожарникар во делчевската Територијална противпожарна единица. Учествувал во многу акции за гаснење пожар, а многу пати ја има покажано и својата хуманост, реновирајки дел од опожарените објекти на луѓето бесплатно користејки го своето знаење од работа со гипс картон.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе