Денеска е Датум во огледало: Каква е симболиката и што да избегнувате?

Под Датум во огледало се подразбираат датуми во кои се појавува иста низа на броеви, каков што е денешниот 23.02.2023.

Според нумерологијата, секој број содржи одредена енергија, која е особено силна на т.н. датуми во огледало. Во овој период лесно е да се тргнат енергетските блокади, да се формира правилно и позитивно размислување и да се привлече среќа. Енергијата од овој ден поттикнува личен развој и разбирање кои промени треба да ги направиме.

Во нумерологијата, бројот 2 е поврзан со партнерство, рамнотежа и пријателство. Клучните работи што треба да ги научиме во времето означено со бројот 23.02.2023 се компромис, прифаќање, сочувство, соработка и хармонија. Кога бројот 2 се појавува повеќе од еднаш во еден датум, енергијата на двојката станува уште посилна. Вредноста на серијата од два е исто така засилена со нула, што значи почетна точка, каде сè почнува и завршува. Нулата има способност да ја засилува енергијата, правејќи го секој број помоќен и повлијателен.

Енергија на четирите двојки

Така, енергијата на четирите двојки во датумот 23.02.2023 година нè поттикнува да откриеме што е важно во нашите животи и целосно да се посветиме на тоа, внимавајќи на рамнотежата и хармонијата. Затоа на овој ден треба да избегнувате негативно размислување и песимизам, да развиете решителност и трпение.

Бројот 3 во нумерологијата подразбира креативност и инспирација. Ова е среќен број кој помага да се исполнат намерите. За оние кои сакаат да ја постигнат желбата поврзана со материјалната стабилност, важно е да посветат повеќе внимание на анализата на финансиите и да научат како да управуваат со своите пари. За луѓето кои бараат лична среќа, способноста да остават добар впечаток ќе биде важен фактор за успех.

Доколку се сомневате во себе и немате самодоверба, овој ден е совршен за работа на себе. Почнете да развивате свест за вашите способности, силни страни и верувајте дека со искрен труд и посветеност можете да го постигнете она што го сакате.

Искористете ја креативноста и новите идеи

Стекнувањето ново знаење ќе ви помогне да ја вратите вашата самодоверба. На датумот во огледало 23.02.2023 не треба да бидете пасивни. Обидете се да започнете да ја спроведувате секоја успешна мисла што ќе ви падне на ум овој ден. Користете креативност и нови идеи.

Денот е добар за сите активности кои ја зајакнуваат љубовта кон вашата сродна душа. Ако можете, вклучете се во активности кои се продуктивни за вашата врска. Во тоа ќе ви помогне енергијата на Венера, која ќе стане уште поизразена и ќе отвори нови можности за вашиот пар.

Што да правите на овој ден?
  • ослободете се од негативните мисли
  • поставете ги своите желби (на лист хартија напишете или направете листа со желби)
  • направете планови за иднината
  • можете да започнете нова љубовна врска
  • решете ги несогласувањата со партнерот
  • признајте ги своите очекувања на саката личност

Избегнувајте сѐ што е негативно, ослободете се од лошите мисли, оговарања, оставете го минатото зад себе, не влегувајте во кавги со другите и избегнувајте непотребни трошоци.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе