Џенифер Анистон: Има цела генерација луѓе за кои Friends е навредлива содржина

Џенифер Анистон неодамна се отвори за тоа како комедијата се променила во децениите откако се емитуваше популарната серија Friends во која таа играше еден од главните ликови.

Додека го промовираше нејзиниот претстоен филм Murder Mystery 2, Анистон објасни дека комедијата денес е покомплицирана отколку порано.

„Сега е малку незгодно затоа што треба да бидете многу внимателни, што им ја отежнува работата на комичарите, бидејќи убавината на комедијата е што ние се исмеваме себеси, се исмеваме со животот“, рече таа за AFP. Во минатото, продолжи таа, „можеше да се шегуваш за некој кој има предрасуди и да се смееш - тоа беше хистерично. И се работеше за едуцирање на луѓето за тоа колку бесмислени се некои луѓе. И сега не ни е дозволено да го правиме тоа“.

Актерката потоа го префрли својот фокус кон Friends, посочувајќи дека кога се емитуваше шоуто во 90-тите, беше смешно и луѓето замижуваа на некои потенцијално поконтроверзни гледишта што ги имаше ситкомот.

„Има цела генерација на луѓе, деца, кои сега се навраќаат на епизодите на Friends и ги сметаат за навредливи“, рече Анистон. „Имаше работи кои никогаш не беа намерни и други... Па, требаше да размислиме подобро - но мислам дека немаше сензитивност како што има сега.“

Серијата Friends е полна со сексизам и хомофобија, велат денешните млади луѓе

Анистон, исто така, изјави за новинската агенција дека е трагедија што сензитивноста околу комедијата можеби е причината зошто во последниве години има помалку комедии отколку порано.

„На сите им треба нешто смешно“, рече актерката која во Friends го играше ликот на Рејчел Грин. „На светот му треба хумор! Не можеме да се сфаќаме премногу сериозно - особено во Соединетите Американски Држави. Сите се премногу поделени“.

Во интервју поврзано за Friends: The Reunion, креаторите Марта Кауфман и Дејвид Крејн, како и извршниот продуцент/режисер Кевин Брајт, зборуваа со The Hollywood Reporter за работите што би ги направиле поинаку доколку серијата би се снимала денес.

„Веројатно има сто работи што би ги направил поинаку“, рече Кауфман. „Разговарав за тоа во минатото и имам многу силни чувства за моето учество во еден систем, но се сведува на тоа дека не знаев што не знаев“.

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе