Џенифер Анистон: Луѓето не знаат дали можам или не можам да имам деца

Џенифер Анистон реагираше на коментарите на луѓето кои тврдат дека избрала актерска кариера наместо родителство.

52-годишната актерка во неодамнешното интервју за The Hollywood Reporter откри дека ваквите коментари ги прифаќала на лично ниво и дека често ја нервирале.

„Луѓето често ги проектираат своите проблеми, но тоа веќе не ми е важно. Знаете, имам работа, имам пријатели, луѓе што ги сакам и среќна сум“, вели таа.

„Порано многу лично ги сфаќав гласините за некаква моја бременост и многу се нервирав, бидејќи овие луѓе не знаат што се случува во мојот живот, не знаат што се случува од медицинска гледна точка... можам или не можам да имам деца. Не знаат ништо“, рече актерката.

Анистон додаде дека потребата на луѓето да претпоставуваат работи за туѓите животи повредува, додавајќи дека жените се целосни суштества без деца или со деца.

„Мораме сами да одлучиме за нашите тела. Таа одлука е наша и никој не треба да се меша. Да им дадеме пример на сите млади жени ширум светот“, рече таа.

„Ние одлучуваме за нашиот среќен крај.“

Поради постојаните шпекулации за нејзината бременост, како што вели, ѝ било непријатно, бидејќи постојано и ја честитале фиктивната бременост.

Во 2018 година таа се изјасни дека се откажала од идејата да стане мајка.

„Некои жени едноставно се родени за да се омажат и да имаат деца. Мислам дека мене тоа не ми доаѓа природно.“

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе