Џенифер Анистон по озборувањата за бременост: Направив сè за да родам дете

Славната американска актерка Џенифер Анистон проговори за мајчинството и суровите озборувања за наводна бременост.

Призна дека во јавноста е претставена како личност која не сакала да се оствари како мајка, но сега актерката откри дека сите овие години се борела со неплодност и неуспешни обиди да забремени.

„Се обидував да останам бремена. Тоа беше голем предизвик за мене. Сите овие години, само различни шпекулации. Навистина беше многу тешко. Минував низ процеси на инвитро оплодување, пиев кинески чаеви. Го правев сето тоа“, објасни Анистон за магазинот Allure.

За суровите шпекулации придонесе и разводот со Бред Пит во 2005 година, кога многумина претпоставија дека двојката се раздели бидејќи Џенифер одбрала да гради кариера наместо семејство.

„Ми зборуваа дека сум била себична и дека се грижам единствено за кариерата и успехот. Зборуваа дека поради тоа не сум сакала дете, дека поради тоа маж ми ме оставил. Сме се разделиле бидејќи не сум сакала да му родам дете. Тоа апсолутно беа големи лаги“, објасни актерката.

Не откри кога точно минала низ процеси на инвитро оплодување, но спомена дека тоа било пред неколку години. Денес, кога има 53 години актерката е помирена со фактот дека нема да има деца.

„Еве ме денес, сега чувствувам олеснување бидејќи повеќе ги немам тие мисли можам ли да имам деца. Не морам веќе да размислувам за тоа. Во моите доцни триесетти и четириесетти години минував низ големи проблеми и да не беше тоа, никогаш немаше да станам тоа што треба да бидам“, изјави Анистон.

Потоа додаде:

„Би дала сè тогаш некој да ми кажеше да замрзнам јајце-клетки, самата ќе си направев услуга“, се присетува актерката која тврди дека денес се чувствува подобро од кога и да е.

Ова не е првпат актерката отворено да зборува за шпекулации и озборувања поврзани со нејзиниот приватен живот.

Во 2016 година изјави дека луѓето можат да бидат комплетни и без деца.

„Комплетни сме и со партнер, и без него. И со дете и без дете. Самите одлучуваме што ни е убаво кога станува збор за нашите тела. Таа одлука е само наша. Не мора да бидеме мажени или мајки за да бидеме комплетни жени. Самите си одредуваме што значи да бидеш среќен до крајт на животот“, порача Анистон.

Додаде дека со години ја штитела нејзината животна приказна за борбата со неплодноста и неуспешните обиди да се оствари како мајка, бидејќи сакала тој дел да си го задржи за себе.

„Светот создава приказни кои се лажни, па дојде време да ја кажам вистината. Се чувствувам како да сум излегла од хибернација. Немам што повеќе да кријам“, заклучи Анистон.

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе