Дерматолози ги откриваат најдобрите домашни лекови против изгореници од сонце

Изгорениците од сонце може да бидат доста болни и да го зголемат ризикот од развој на рак на кожата.

Фондацијата за карцином на кожа наведува дека ризикот е уште поголем ако сте ги имале овие изгореници пет или повеќе пати во животот.

Што ја предизвикува болката?

„Ултравиолетовото зрачење ја оштетува ДНК во кожата, што доведува до воспалителен одговор со синтеза на простагландини и цитокини и отекување на крвните садови на кожата“, објасни дерматологот д-р Самер Џабер.

„Тоа предизвикува црвенило, оток и болка. Понекогаш погодените клетки на кожата се уништуваат “, додаде тој.

Изгорениците треба да се третираат што е можно побрзо, а дерматолозите ги открија најдобрите домашни лекови кои можат да ви помогнат во тоа.

Ладни облоги

Потопете чиста крпа во ладна вода и ставете ја на изгорениците. Повторувајте ја постапката пет пати на ден, и чувајте ја крпата на изгорениците пет до десет минути.

Туширајте се со ладна вода

Американското здружение на дерматолози објаснува дека студената вода всушност може да помогне во гаснењето на огнот што го чувствувате на вашата кожа. Туширајте се со ладна вода и внимателно избришете со крпа, но држете ја кожата малку влажна за да можете да го впиете хидратантот што го нанесувате.

Користете алое вера

Алое вера може да помогне во лекување на изгореници. Може да нанесувате препарати од алое вера на изгорениците неколку пати на ден или да направите ладни облоги од алое вера.

Користете млечни производи

Џабер истакнува дека можете да нанесете ладно млеко на ткаенина, а потоа да ја ставите ткаенината на изгорениците. Можете исто така да користите обичен јогурт. Млечните производи можат да ја ублажат болката и да го стимулираат процесот на заздравување, а може да ги нанесувате на секои 20 минути неколку часа.

Хидратирајте се

Ако имате изгореници, треба да пиете многу течности за да спречите дехидрирање, според Американското здружение за дерматологија.

За да спречите изгореници, користете крема за сончање со висок фактор на заштита. Ултравиолетовото зрачење е најинтензивно во средината на денот, па затоа треба да избегнувате изложување на сонце тогаш.

Тагови
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Здравје

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе