Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ избра десет романи што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Се очекува следната недела жири-комисијата, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), да го објави најтесниот избор на романите што конкурираат за наградата „Роман на годината“.

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат.

Втора селекција на дела на конкурсот Роман на годината“ за 2021 година:

1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“

2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или – или“

3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или – или“

4. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“

5. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“

6. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“

7. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или – или“

8. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“

9. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или – или“

10. „Ден за одмазда“,  Ивица Челиковиќ, „Паблишер“.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе