Десетици настани на 19-тата Бела ноќ

Традиционалната културна манифестација Бела ноќ ќе се одржи в сабота (30.09.2023) на повеќе локации во Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања и перформанси на десетици локации во градот.

Централната манифестација ќе се одржи пред Порта „Македонија“, каде што скопјани ќе уживаат во композициите од маестро Кире Костов, кои ќе бидат изведувани од Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски, придружувани од „Биг бенд“ под диригентската палка на Љупчо Мирковски и специјално визуелно шоу со 3D-мапинг на самата порта. Како претходница ќе може да се чуе рок-концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“ на класата ученици од 10 до 18 години.

„Октомвриски музички поход“ ќе го имаат своето првенствено издание на „Школка“ во Градскиот парк, а ќе може да се чујат и видат: групата „Педро хоризонте“, „Стефан Петановски бенд“, „Занаду бенд“, „Димиш бенд“ и диџеите: Раста Грл, Чарли и Јаска.

Во ГТЦ ќе може да се види изложбата „Игри и мечтаења“ од Друштвото на ликовните уметници на Македонија, во Факултетот за драмски уметности ќе може да се видат повеќе театарски престави, како и филмска и музичка програма. На плоштадот „Филип II“ ќе може да се ужива во изведбите на македонските традиционални ора од повеќе културно-уметнички друштва.

Во Кинотеката на Македонија ќе може да се проследат македонски филмски и музички достигнувања, во галеријата „Остен“ ќе биде поставена изложбата „Право на јавни простори“ од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот „Американ колеџ“. Во Капан-ан ќе биде прикажан проектот „Никеја“ со Славе Димитров и Весна Ѓиновска-Илкова, а во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе биде поставена изложбата „Култура во кутија на Доминиум културно јадро. Во ноќниот клуб „Пјур“ ќе се одржи „Скопје фешн фестивал“, каде што ќе се прикажат модните дизајнери Ивана Кнез, Џорџе Башаревиќ, Бошко и Цеце Т.

Програмата ја збогатуваат и културните институции Културно-информативниот Центар – Скопје, Детскиот културен центар „Карпош“, Музејот на град Скопје, Музејот на современата уметност, Библиотеката „Браќа Миладиновци“, НУ Национална галерија, НУ Музеј на македонската борба и самостојност и НУ Турски театар.

Целосната програма со распоред, локации и учесници ќе може да се види на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Клик на сликата за поголема верзија
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе