Детална реконструкција на масакрот во Москва: Мајките со своите тела ги штителе своите деца од терористите

Макфакс
/ 23.03.2024 / 17:04

Четири вооружени мажи мирно тргнале кон детекторите за метал во концертната сала „Crocus“, пукајќи со кратки рафали од автоматско оружје и на мал дострел кон преплашените цивили кои врескале и паднле под куршумите. Сведокот по име Наталија штотуку го соблекла палтото за време на масакрот во петокот вечерта, стоејќи пред влезот на концертната сала со 6.200 седишта надвор од Москва, каде што требаше да настапи рок група од советско време.

„Истрелите дојдоа од зад нас“, изјавила Наталија за Reuters, не сакајќи јавно да го открие своето презиме. Таа раскажала дека само што требало да влезе во салата кога слушнала необичен звук. „Беше гласно, како пукање на петарда, како огномет, како рафал од автоматско оружје. Слушнав веднаш зад мене, многу блиску“, рече Наталија и додаде дека веднаш почнала да трча, спасувајќи си го животот.

„Сите врескаа, сите трчаа“, додала. Таа рече дека успеала да побегне низ студената московска ноќ трчајќи без палто до блиската метро станица. „Беше страшно, како кошмар“, вели Наталија.

Reuters се обиде да го склопи мозаикот за тоа што се случи во московската концертна сала во петокот вечерта од интервјуа со сведоци, од видео снимки од местото на настанот и од руски официјални извештаи и извештаи на медиумите.

Во масакрот загинаа 133 лица, а десетици беа повредени во најсмртоносниот напад во Русија од опсадата на училиштето во Беслан во 2004 година. Исламска Држава ја презеде одговорноста за нападот. Руските и светските медиуми претходно објавија дека 143 загинале.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави дека во областа Брјанск се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица наводни напаѓачи. Тие биле приведени додека бегале кон границата, надевајќи се дека ќе побегнат во Украина. Киев веднаш негираше вмешаност во нападот.

Напаѓачите во маскирни костими и панцири

Мажите, кои беа облечени во маскирни костими и панцири со многу резервни шаржери, пристигнаа на градското собиралиште на „Crocus“ со комбе околу 19:40 часот по локално време, скокнаа од задната врата и се упатија кон влезот со оружје, изјавија очевидци.

Тие пукаа директно низ стаклените врати на влезот на главниот хол, гаѓајќи го секој што им се најде на патот. Сведоците велат дека десетици тела лежеле во локви крв на подот од главниот влез. Некои успеаја да ги скршат зајакнатите прозорци и заклучените излези со раце додека пукотниците одекнуваа низ салата, на само 20 километри од Кремљ.

Откако пукале во луѓе на влезот во салата, напаѓачите успеале да упаднат во салата токму во моментот кога стотици посетители седнале на своите места за распродадениот концерт. „Некои мислеа дека тоа е некој вид на специјален ефект“, изјави сведокот Анастасија Родјонова за Reuters. „И тогаш сфатив дека луѓето паѓаат затоа што почна пукање од автоматско оружје“.

„Во тој момент се појавува инстинктот за самоодржување, очите ви се шират, каде да бегате? Тогаш некој ни викна: станете, не останувајте да лежите бидејќи сите ќе нѐ застрелаат“. Родјонова рече дека некои мажи успеале да ја скршат вратата од улицата и да избегаат.

Преку системот за јавно обраќање се слушнала информација дека концертот се откажува од „технички причини“ и дека од луѓето се бара да ја напуштат салата.

Бегање пред рафалните истрели

Потврдената снимка покажува луѓе кои трчаат кон излезот додека континуираните пукотници се мешаат со вресоци. Напаѓачите поминуваат низ концертната сала, а потоа рафално пукаат во посетителите.

„Почнаа да пукаат во нас. Паднав на подот“, изјавила за новинарите повредената жена, која е задржана во болница во Москва. Таа вели дека успеала да ползи до излезот, а девојката до неа била убиена.

Некои побегнале од напаѓачите, други се сокриле зад седиштата. Една жена ѝ рекла на својата пријателка да легне зад седиштето додека пукотницата станувала сѐ посилна.

Руските истражители соопштија дека напаѓачите одлучиле да ја запалат зградата. Некои очевидци изјавија дека вооружени лица истуриле течност на седиштата и на завесите на неколку места, а потоа ги запалиле.

Очевидци рекоа и дека го прескокнале огнот обидувајќи се да побегнат од пожарот кој брзо се проширил на површина од 12.900 метри квадратни.

Еден од сведоците, Андреј, изјави за Reuters дека напаѓачите пукале и дека тој и неговите пријатели „успеале да избегаат користејќи ги противпожарните скали“.

На крајот, покривот се урна, а стотици пожарникари со часови се бореа да го локализираат пожарот кој ја уништи целата сала. Останаа само јагленосаните железни потпорни греди и челични рамки од стотици седишта.

Каналот „База“ на Telegram, познат по добрите врски со руските специјални служби, објави дека 14 тела се пронајдени на скалите за евакуација, а 28 во еден од тоалетите. Пронајдени се тела на цели семејства, а особено шокантна е сцената на мртвите мајки кои се обиделе да ги заштитат нивните деца со своите прегратки.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе