Детето од Чернобил ќе го собори последниот европски диктатор: Која е Светлана Тихановскаја?

Опозициската кандидатка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, која го оспорува реизборот на претседателот Александар Лукашенко, побегна во Литванија, изјави денеска литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевисијус.

„Пристигна во Литванија и е безбедна“, рече Линкевисијус.

Во Белорусија синоќа, втора вечер по ред, полицијата ги растера демонстрантите кои протестираа против изборната победа на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година.

URL

Демонстрациите и судирите со полицијата почнаа во неделата вечерта, по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои Лукашенко доби над 80 отсто од гласовите и го освои шестиот мандат.

Тихановскаја синоќа не се придружи на протестите, како што наведе, да избегне провокации.

Детето од Чернобил

Светлана Тихановскаја, жената која се најде катапултирана во политичкиот фокус поради нејзините напори да го собори човекот кој многумина го нарекуваат „последниот диктатор во Европа“, можеби е случаен противник – таа излезе на претседателските избори како кандидат само бидејќи нејзиниот сопруг Сергеј, опозициски активист, беше уапсен.

Но, силата и непокорноста со кои се спротиставува на политички ривал како Лукашенко таа најверојатно ги има уште од 12-годишна возраст.

Тихановскаја е родена на 11 септември, 1982 година. Таа едно од „децата од Чернобил“ чие здравје било директно или индиректно засегнато од радиоактвното зрачење по нуклеарната катастрофа во 1986 година во соседна Украина и кои биле примени од семејства во Ирска за да закрепнат.

Хенри Диен (72) и неговата сопруга Мариан во средината на 90-тите биле домаќините на Светлана, а ја викале Свјета.

„Тогаш пристигнаа две деца, Свјета беше на речиси иста возраст со ќерка ми Мери, па веднаш се вклопи“, вели Хенри во сторијата на Guardian.

Искра надеж

„Уште како дете беше јасно дека е многу интелигентна и знаеше англиски многу подобро од другите деца. Се постави како еден вид преведувач и портпарол за другите деца“, раскажува тој.

Хенри нагласува дека не можел ни да замисли како ќе се одвива животниот пат на ова девојче.

„Некои од децата беа очигледно уште трауматизирани од целиот настан и ситуацијата во тие села во Белорорусија во тоа време, не само поради Чернобил, туку и лошата економска ситуација, тоа биле тешки времиња“, вели Хенри.

Тој отпатувал во родното место на Светлана, Микашевичи, во регионот Брест, на 40 километри северно од границата со Украина. Тој дел бил тешко погоден од нуклеарната катастрофа.

„Болниците во Белорусија беа полни со деца кои имаа најразлични здравствени проблеми. Редовно одевме во Белорусија, ги посетувавме училиштата и така ја запознавме Светлана и ја донесовме во Ирска.“

Светлана одлично се прилагодила на животот во Ирска и почнала да работи во една локална фабрика за да заработи пари за студирање во својата земја.

„Работеше сѐ и беше многу скромна и вредна“, се сеќава Хенри.

Се враќала во Ирска секое лето и во нејзините рани 20-ти волонтирала како преведувач за децата од проектот Чернобил.

Дали тогаш имало некакво навестување за политичкиот идеализам кај Светлана? Хенри вели дека децата тогаш не зборувале отворено за политичката ситуација во Белорусија. Но Свјета била отворена и зборувала за немирите.

Хенри е зачуден што сега ја доживуваат како Јованка Орлеанка бидејќи не покажувала долгорочна амбиција за политика. Сепак, смета дека таа истапила бидејќи е загрижена за народот во Белорусија.

„Нејзиното прво дете беше глуво и таа се откажа од работата за да се грижи за него. Се пресели со семејството во Минск за да може да му биде направена операцијата што му беше потребна. Го посвети животот на синот и ќерката. Таа е предана мајка. Сакаше да ја изгласаат за да може да ги ослободи политичките затвореници, што е многу благородно од неа“, смета Хенри.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе