Џез викенд во Прилеп: Објавена програмата, фестивалот со ограничен број посетители поради пандемиијата

Организаторите на Prilep Jazz Weekend ја објавија програмата за деветтото издание по ред на овој музички фестивал.

Настанот ќе се одржи во стандардниот термин за џез во Прилеп, 27-29 август, на летната сцена од ЦК Марко Цепенков.

Оваа година фестивалот за прв пат е поддржан од Министерството за култура.

Имајќи ја предвид актуелната ситуација со пандемијата на COVID-19, фестивалот ќе се одржи согласно актуелните Протоколи за начинот и условите за организирање на настани.

„За жал, бројот на посетители оваа година ќе биде ограничен и според квадратурата на местото каде се одржува фестивалот концертите ќе можат да ги посетат 100 луѓе во една вечер. Бидејќи протоколите за вакви настани налагаат програмата да се проследи со седење, за секој посетител ќе биде обезбедено место“, најавија организаторите.

Влезници по симболична цена од 100 денари ќе можат да се набават во City tobacco.1 во Старата прилепска чаршија.

Програма за фестивалот:

Четврток 27.08.2020

Промоција на книга Press&Play од Ненад Георгиевски

Проекција на филм

JAZZMAN – The form as a verb

Концерт на SkopjeJazzInc.

Петок 28.08.2020

Next To Silence

Svetlost

Сабота 29.08.2020

Oliver Josifovski Quartet

Barnays Propaganda

реклама

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе