21. МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ

[Дигитален Моден викенд Скопје] Евгенија Зафировска: Безвременска игра на текстури

Александра Спасеска
/ 19.05.2020 / 18:03

Во вонредни услови што го затекнаа целиот свет, новата, 21. сезона на Моден викенд Скопје се одржува дигитално.

Најголемата модна платформа во нашата земја храбро ги поднесе ударите на новонастанатата ситуација и се прилагоди на новото време, со цел да остане простор и медиум преку кој дизајнерите ќе го покажат трудот вложен во новите колекции, а МВСК ќе го одржи континуитетот кој ни е повеќе од потребен во овие мигови кога во сите сфери на живеењето се придвижуваме кон „новото нормално“.

Овие колекции ексклузивно ќе бидат презентирани на социјалните мрежи, со премиера на снимените видеа и фотографии во партнерство со Skopje City Mall, а тука ќе ги читате критичките видувања за нив, низ призмата на модната блогерка и заменик-уредник на Kajgana.com, Александра Спасеска.

Серијалот го почнуваме со македонската дизајнерка со љубљанска адреса Евгенија Зафировска, која останува верна и доследна на етичко-еколошкиот и одржлив пристап кон изработката.

Во нејзината најнова колекција White Stone таа повторно се води од строгоста и структуралноста на архитектонските форми, но овојпат во една понежна и посуптилна естетика. За тоа придонесува палетата на (претежно) светли бои – инспирирана од белиот брачки камен од кој е изградена Диоклецијановата палата - кои им даваат свежина и мекост на креациите надополнети со за неа препознатливите рачни доработки и секако – елементи од рециклирани материјали.

Токму овој контрапункт на строгото и сензуалното ја покажува еволуцијата во изразот на Зафировска, а таа безвременска игра на текстури и тоа неотуѓиво чувство на традиција во модерна форма ја прават дизајнер со изграден печат кој храбро чекори кон иднината на модата, која е одржлива, етичка и неприкосновено оригинална.

Remote video URL

Шминка: Farmasi и Марија Лазарова

Фризура: Revlon Professional

Фотографија: Света Богова Јовановска

Кастинг: Виктор Цветановски

Модели: Aна Ежова, Кони Маркова, Пале Манева, Ивана Гелева @ Podium Model Agency

Во соработка со: Skopje City Mall

Поддржано од: Lenor

Дигитален партнер: A1 Македонија

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Ново

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе
  • filter

Ferrari 12Cilindri од секој агол

Читај повеќе