ДИК: Одзивот до 20:45 часот е 50,86 проценти

Скопје, 15 јули 2020 (МИА) – До 20:45 часот вечерва, на гласање на денешните предвремени парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас.

Тоа значи дека одзивот е 50,86 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.466 од вкупно  3.480 гласачки места.

Според податоците што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски, најголема излезност има во Четвртата изборна единица –  59,79 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 39,23  проценти.

Во Првата изборна единица излезноста е 52,17,  во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 проценти.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски вечерва на прес-конференција оцени дека изборниот ден помина одлично, со мали исклучоци.

-Денешниот изборен ден помина во исклучително сложена ситуација во земјава, но помина одлично со мали исклучоци кои во текот на денот заедно со вас ги расправавме. Можам само да им честитам на граѓаните за изразениот демократски капацитет што го покажаа во овој изборен ден, рече Деркоски.

По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно се гласаше до 21 часот.

Следната прес-конференција е најавена за после 22 часот, кога ДИК ќе има повеќе информации.

Remote video URL

 

Тагови
реклама

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе