Џим Кери за Вил Смит: Ако мене ме удреше, ќе го тужев за 200 милиони долари

Славниот актер и комичар Џим Кери го коментираше драматичното доделување на Оскарите, изјавувајќи дека да беше тој на местото на Крис Рок ќе го тужеше Вил Смит за 200 милиони долари.

Во текот на вклучувањето во емисијата CBS Mornings Џим Кери се осврна на изминатите настани во текот на доделувањето на Оскарите. Истакна дека за разлика од Крис Рок, кој одби да поднесе пријава против Вил Смит кој пред сите му удри шлаканица, тој би реагирал сосема поинаку и веднаш би ги презел работите во свои раце.

„Веднаш утредента би го тужел Смит за 200 милиони долари. Тоа видео ќе постои засекогаш, таа навреда ќе трае многу долго“, смета Кери.

Актерот вели дека Смит по инцидентот на бината требал да биде испратен од обезбедувањето или дури и да биде уапсен.

„Не може да викате од публика за да покажете неодобрување или да напишете нешто на Twitter, што и да е. Немате право да излезете на сцена и да удрите шлаканица некому поради изречени зборови“, упорен е Кери.

Тој смета дека Рок одбил да поднесе пријава за да избегне дополнително малтретирање, а и јасно даде до знаење дека му се „лоши“ од громогласниот аплауз што Смит го доби по неговиот потег.

„Ми се слоши од тие овации. Холивуд делуваше како безрбетник и навистина почувствував дека ова е јасен показател дека повеќе не сме кул“, објасни Кери.

Тој смета дека овој „себичен“ напад дошол од нигде никаде.

„Вил имаше некаква фрустрација во себе. Му посакувам сè најдобро, навистина. Немам ништо против него, тој има направено големи нешта. Но, тоа навистина не беше добар момент“, смета славниот комичар.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Филм & ТВ

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Read more

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Read more

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Read more
 

Сцена

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе

Дечкото на Хали Бери објави фотка од актерката целосно гола: Совршена од секој агол

Читај повеќе
  • play_arrow

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од Пред дождот на Милчо Манчевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Читај повеќе