Загрепски Динамо го победи Вараждин со 1:0 во 23. коло од ХНЛ и со тоа се врати во борбата за титулата хрватски шампион.
Прашањето за победникот го реши Бруно Петковиќ од единаесет метри во 18-тата минута, а гостите имаа и пенал во 81. минута но Иван Невистиќ го одбрани ударот на Марко Дабра.
„Модрите“ по натпреварот протестираа за арбитражата и се убедени дека биле на двапати оштетени, ситуации што ги објавија и на својот Instagram профил.
Членовите на загрепскиот клуб сметаат дека не требало да има пенал за Вараждин, а дека требало да биде досуден уште еден за Динамо.
Натпреварот го водеше Анте Терзиќ, а загрепскиот клуб реши да направи монтажа од судиите во ВАР собата како играат карти и „GTA V“ на компјутерите наместо да ги прегледуваат спорните ситуации.
Инаку, Динамо во следното коло на домашен терен ја пречекува Риека, а претходно в четврток во Европа конференциската лига силите ќе ги одмери против Бетис.