Дита фон Тиз со коментар за обвиненијата за сексуална злоупотреба против Менсон

Откако актерката Еван Рејчел Вуд го обвини поранешниот свршеник Мерилин Менсон дека сексуално, психички и физички ја малтретирал додека биле во врска, се огласи и поранешната сопруга на музичарот, моделот и бурлескна танчарка Дита фон Тиз.

„За сите што се загрижени за мене, ја ценам вашата љубезност. Треба да знаете дека деталите што излегоа во јавноста не соодветствуваат на моето лично искуство во седумгодишната врска со Менсон. Да беше така, немаше да се омажам за него во декември 2005 година. Раскинавме поради неверство и злоупотребата на дрога“, напиша Фон Тиз на својот Instagram.

„Во една врска нема место за никаков вид на злоупотреба. Ги повикувам сите што претрпеле злоупотреба да преземат чекори за да се опорават и да имаат сила да целосно да се реализираат. Ова е мојата единствена изјава по ова прашање“, додаде таа.

За потсетување, Вуд на својот Instagram откри дека Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, наводно бил насилен кон неа во текот на нивната тригодишна врска.

„Почна да ме ‘воспитува’ кога бев тинејџерка и ужасно ме злоупотребуваше со години. Ми го испра мозокот и ме изманипулира да му бидам покорна. Доста ми е од живот во страв од одмазда, клевета или уцена. Тука сум за да го разоткријам овој опасен човек и да ги прозивам бројните индустрии што му го овозможија тоа, пред да уништи и нечии други животи. Стојам на страната на многу жртви кои веќе нема да молчат“, стои во објавата.

Менсон ги нарече обвинувањата за насилство – „страшно искривување на реалноста“.

реклама

Музика

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја посетува и по смртта: Чувствувам дека е тука

Читај повеќе
  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе