Дивјачки старт на Дрејмонд Грин над Јусуф Нуркиќ
Феникс Санс ноќеска го победи Голден Стејт Вориорс со 119:116, а на почетокот на вториот дел на паркетот се случи голем инцидент во кој босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ го извлече најдебелиот крај.
На почетокот на третата четвртина Вориорс беа во напад. Дрејмонд Грин се обидуваше да се избори за позиција со Нуркиќ за да ја прими топката, а потоа од чиста мира со кроше го удри Нуркиќ во главата и го нокаутираше.
Грин веднаш беше исклучен.