Дизелот од ноќеска е со намалени цени, бензинот со зголемени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) синоќа донесе одлука со која се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на одлуката од 26.02.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините 1,855%, кај дизелот намалување од 2,265%, кај екстра-лесното масло има намалување од 0,610% и кај мазутот зголемувањето е 1,611%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,328%.

Од 05.03.2024 година од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

  • моторен бензин Еуросупер БС-95 - 83,00 (денари/литар)
  • моторен бензин Еуросупер БС-98 85,00 (денари/литар)
  • дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) - 77,00 (денари/литар)
  • масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 75,50 (денари/литар)
  • мазут М-1 НС - 43,752 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) е намалена 1,00 ден/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е намалена 0,50 ден/л.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 е зголемени 0,50 ден/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е зголемена 0,409 ден/кг и сега изнесува 43,752 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 05.03.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе