Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот до сега има 6.511,213 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 384.462, а оздравеле 3.099,058 луѓе.

– Од последниот пресек на состојбата во Србија, 5.110 лица биле тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 69 од нив. Во земјата, во овој период, нема смртни случаи од последиците од коронавирусот, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 245. Излекувани се 6.852 пациенти.

– Во изминатото деноноќие во Албанија регистрирани се 20 новозаразени со COVID-19, од тестираните 297 сомнителни случаи во лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје. Од почетокот на пандемијата направени 16.817 тестови, од нив 15.365 молекуларни и 1.452 серолошки. Вкупната бројка на заразнеи изнесува 1.184. Битката со опасниот вирус ја добиле 898 од нив, додека починале 33 лица. Активни на болеста се 253, од нив осум отсто или 21 лице се третираат болнички од кои петмина се на интензивна терапија а еден пациент на респираторна машина.

– Рекорден број смртни случаи е регистриран во Бразил за еден ден, објави бразилското Министерство за здравство. Епидемијата не покажува знаци на слабеење во оваа најголема земја во Латинска Америка, каде, во последните 24 часа, потврдени се 28.936 нови случаи на инфекција и 1.262 смртни случаи. Досега во Бразил се разболеле 555.383 лица, а 31.199 починале.

– Бројот на откриени случаи на коронавирус во Индија во последните 24 часа е зголемен за повеќе од 8.900 лица. Бројот на заразени лица во земјата достигна 207.615, според Министерството за здравство и грижа за семејството. Според Министерството, во моментов се лекуваат 101.497 лица заболени од болеста, а оздравеле 100.302 лица. Во Индија досега се починаа 5.815 лица.

– Бројот на нови случаи на COVID-19 во Русија за последните 24 часа е 8.536, а за целиот период на пандемија 432.227, соопшти оперативниот штаб за борба против коронавирусот. Во изминатите 24 часа имало 178 смртни случаи, со што вкупната бројка достигна 5.215. Вкупно оздравеле 195.957 пациенти, а само во последните 24 часа, 8.972 пациенти примени на третман со коронавирус се отпуштени од болниците.

– Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, бројот на заразени од новиот коронавирус од појавата на епидемијата во Косово изнесува 1.142, а само денеска се регистрирани нови 19 случаи. Од нив, излекувани се 871 лице, од кои 24 денеска, додека вкупно починаа 30 заболени. Според овие податоци, официјалната бројка на активни случаи моментно изнесува 241. Во лабораторијата за микробилогија на Институтот за јавно здравство на Косово денеска се испитани примероците на 253 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а од почетокот на пандемијата вкупно се извршени 15.586 тестирања. Ново жариште на епидемијата во земјата е Вучитрн, каде што последните денови се потврдени неколку десетици новозаразени, од кои денеска 14, речиси сите случаи на контакти за време на прославата на муслиманскиот верски празник Бајрам.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе