Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 38.947.653 лица. Од последици од COVID-19 починале 1.099.641 пациент, а оздравеле 29.239.129 луѓе.

– Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени 819 случаи на коронавирус. Тоа е првпат во оваа земја бројот на новозаразени со COVID-19 да надмине 800. Вкупниот број на инфицирани во Бугарија изнесува 26.593. Денешната бројка на смртни случаи изнесува 6 луѓе, а од почетокот на пандемијата се починати вкупно 929.

– Рекорден број новозаразени се регистрирани во последното деноноќие во Албанија, кога се направени и најголем број тестови досега во еден ден. Од 1.398 тестирани сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 257 или околу 19 отсто од тестираните. Според Министертвото, во изминатите 24 часа починале 5 лица во болнички услови, додека оздравеле 102 лица.

– Во последното деноноќие во Словенија се потврдени нови 745 заразени лица со коронавирус, а едно лице почина. Со тоа вкупниот број на заразени во земјата изнесува 10.683, соопшти Министерството за здравство. Од минатиот петок во Словенија во сила се нови строги мерки во 7 од 12 покраини, кои веќе се наоѓаат во опасна „црвена“ зона.

– Во Косово во последните 24 часа не почина ниеден заразен од COVID-19, така што бројката на жртви на епидемијата останува 650. Вчера се регистрирани 77 новозаразени и 59 излекувани, а од појавата на пандемијата коронавирусот е откриен вкупно кај 16.502 лицa, од кои како излекувани се водат 14.519 случаи. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.333 лица. Вчера се извршени 649, а од почетокот на пандемијата 77.272 тестирања со методот РТ-ПЦР.

– Бројот на смртни случаи од COVID-19 во Русија се зголеми за 286 во изминатите 24 часа, што е најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата. Досега во земјата се починати вкупно 23.491. Во последното деноноќие се регистрирани 13.754 нови лица заразени со коронавирус. Вкупно 1.354.163 лица се заразени од коронавирус, покажуваат податоците на оперативниот штаб за борба против COVID-19. Од почетокот на пандемијата во Русија се оздравени 1.048.097 пациенти.

– Во Холандија се потврдени нови 7.791 случај на коронавирус, што е најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти холандскиот Институт за јавно здравје. Поради зголемениот број на инфицирани лица, холандската Влада донесе одлука за воведување делумен карантин со цел да се забави ширењето на заразата, која стапува во сила од денеска. Во Холандија од почетокот на пандемијата од COVID-19 заболеле 203.954 луѓе.

– Во Италија во последните 24 часа се потврдени рекордни 8.804 новозаразени со коронавирус. Тоа е голем пораст во однос на вчера, кога беа 7.332. Бројот на починати во последното деноноќие изнесува 83 лица.

– Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани 211 новозаразени и 4 смртни случаи, соопшти Институтот за јавно здравје. Најголем број новозаразени и понатаму се од Подгорица, 93.

Тагови
реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе