Долгодневица - сѐ што треба да се знае за најдолгиот ден во годината

Со летниот сонцестој, на северната хемисфера на Земјата денеска почнува летото.

Најдолгиот ден во годината, или летен солстициј (или сонцестој), официјално го означува првиот ден од летото.

Летото оваа 2023 година ќе трае 93 дена, 15 часа и 52 минути.

Што е летен сонцестој?

Зборот сонцестој е всушност македонски превод на solstitium (солстициј), збор што исто така се користи кај нас. Зборот солстициј е изведен од латинските зборови sol (Сонце) и sistere (да стои). Терминот солстициј се користи и во поширока смисла и го означува денот кога се јавува оваа појава. Солстициј е најдолгиот ден во годината (лето) или најкраткиот ден во годината (зима) на сите места надвор од тропските предели. Ова е резултат на навалувањето од 23,4 степени на оската на Земјата кон Сонцето, што предизвикува различни региони на планетата да примаат различни количини на сончева светлина.

За време на јунскиот солстициј, северната хемисфера е навалена кон Сонцето многу повеќе отколку било кој друг ден во годината, што значи дека овој ден луѓето што живеат на северната хемисфера уживаат во најдолгиот ден и најкратката ноќ во годината.

На денот на летниот сонцестој, северната хемисфера добива повеќе сончева светлина отколку во кое било друго време од годината, но тоа не значи дека првиот ден од летото е најтопол. Иако планетата ќе добие најмногу сончева светлина во текот на денот, потребни се недели за да се почувствува таа топлина, па најтоплиот период од годината обично е во јули или август.

Често погрешно мислиме дека Земјата за време на летото, а особено за време на летниот сонцестој, е поблиску до Сонцето отколку во останатите денови во годината. Но, тоа не е точно. Всушност, навалувањето на Земјата има поголемо влијание на годишните времиња отколку оддалеченоста на нашата планета од Сонцето.

Долгодневица низ историјата

На летниот сонцестој долго време му била давана посебна важност во многу различни култури. Така, Египќаните ги изградиле пирамидите во Гиза на тој начин што Сонцето на денот на летниот сонцестој се наоѓа точно помеѓу две пирамиди.

Археолозите исто така имаат откриено и остатоци од астрономска опсерваторија во град на Маите во денешна Гватемала, во кој зградите се изградени во склад со Сонцето за време на сонцестојот.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе