Џон Траволта со порака по смртта на неговата сопруга: Секогаш сакајте

Славниот актер Џон Траволта им се заблагодари на обожавателите за поддршката по смртта на неговата сопруга.

Откако Кели Престон почина по тешка борба со карцином на дојка, Траволта со емотивна порака им се заблагодари на обожавателите за големата поддршка во последните неколку месеци.

Престон почина во јули годинава, по двегодишна борба со карцином. Траволта не беше особено активен во последните неколку месеци, но кратко им се обрати на пријателите на социјалните мрежи, по повод Денот на благодарноста.

„Само сакам да ви се заблагодарам на сите вас за неверојатната поддршка оваа година. Среќен Ден на благодарноста и секогаш сакајте“, порача Траволта.

Кели и Џон беа во брак од 1991 година и заедно имаат три деца. Најстариот син Џет почина на 16-годишна возраст, ќерката Ела има 20 години и синот Бенџамин 10 години.

По смртта на актерката, Траволта на социјалните мрежи напиша  дека неговата сопруга храбро се борела со тешката болест, со поддршката на многу луѓе.

„Моето семејство и јас засекогаш ќе им бидеме благодарни на докторите и на медицинските сестри во сите медицински центри кои ни помагаа, како и на бројните пријатели кои беа покрај неа. Засекогаш ќе ги памтиме љубовта на Кели и заедничкиот живот“, напиша актерот.

 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе