Словенија по изненадувачкиот пораз од Босна и Херцеговина во понеделникот имаше слободен ден на ЕвроБаскетот.
По тренингот во Келн, фокусот секако беше на Лука Дончиќ, заедно со двократниот најкорисен играч во НБА, Никола Јокиќ, и Јанис Адетокунбо, најголемата ѕвезда на шампионатот.
Новинарите се интересираа дали асот на Словенија стигнува да ги следи натпреварите од другите групи од шампионатот на Стариот континент.
„Гледам многу натпревари, имаме доста слободно време. Мислам дека најмногу ги гледав Србија и Грција“, истакна Дончиќ.
Следуваше прашање: „Зошто?“
„Знаете зошто“, кратко одговори Дончиќ низ насмевка.
Токму Србија и Грција се најголеми фаворити за титулата, нормално заедно со актуелниот шампион Словенија.
Словенија во досегашниот дел од првенството има две победи и еден пораз. Денеска ќе ги одмерат силите против репрезентацијата на Германија.