Убедливо најмногу луѓе испратиле САД, а потоа следува Русија. Но, вкупно 19 држави имале свој претставник, некои изненадувачки.
Дури 151 човек од САД бил пратен на Меѓународната вселенска станица досега. Без разлика дали се работи за астронаут, инжинер или лице со било каква задача за извршување.
Русија досега имала 49 луѓе таму горе и е втора на оваа табела.
Сите останатите земји имаат испратено помалку од десетмина. Најмногу има Јапонија, која е и трета, со деветмина.
Останатите се:
8 - Канада
5 - Италија
4 - Франција
3 - Германија
1 - Белгија, Бразил, Данска, Јужна Африка, Јужна Кореја, Казахстан, Малезија, ОАЕ, Обединето Кралство, Холандија, Шведска и Шпанија.