Дозволи за движење во полициски час ќе издаваат самите фирми

Скопје, 9 март 2021 (МИА) – Дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март.

На оние кои ги изгубиле дозволите, МИОА ќе им преиздаде нови.

-Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење. МИОА ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и на оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање, информира на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Во однос на издавањето дозволи поврзани со работата на економските оператори по 22 часот, појасни Арсовски, задолжени се самите фирми, како што било случај минатата година.

-Тие пополнуваат образец објавен на веб-порталот www.uslugi.gov.mk и за тоа се задолжени самите одговорни лица во компаниите со сите потадоци, исто како и минатата година. Oткако ќе го пополнат овој обрзаец тој станува валиден и со него овие работници пред било која полициска контрола можат да докажат дека во времето кога трае ограничувањето на движењето извруваат работни задачи, рече владиниот портпарол.

Компаниите, потенцира тој, на некој начин со аплицирањето на тие обрасци гарантираат дека одговараат конкретно за тие лица оти се во работен процес во период додека трае забраната за движење.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе