Дуа Липа позираше топлес за Vogue

Дуа Липа е ѕвездата на насловната страница на францускиот Vogue за септември годинава, а на фотографот Мерт Алас му позираше со изветвени веѓи и топлес.

На фотографиите од споменатото издание на модниот магазин пејачката покажа изветвени веѓи кои толку го трансформираа нејзиното лице што на многумина им изгледа речиси непрепознатливо.

Нејзиниот тим за убавина, вклучувајќи ги шминкерот Лиса Елдриџ и фризерката Пола Хенлон, го комплетираа изгледот на пејачката со неутрална нијанса на усни, минимална шминка и излижана фризура која беспрекорно се вклопува во јаката на нејзиниот капут Alaïa.

На другите фотографии од снимањето, Липа ги задржа веѓите безбојни, комбинирајќи го изненадувачкиот изглед со долга црна перика и низа променливи микро шишки. Нејзините речиси невидливи веѓи обезбедија совршен контраст на драматичната фризура, правејќи ја секоја нејзина фотографија од снимањето пошокантна од претходната, а позираше и топлес.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

За нејзината облека беше задолжена Ванеса Рид, а сценографијата ја направи Артур де Борман.

Во интервјуто што ја придружува насловната зборуваше за нејзиното име, што на албански значи „љубов“, но многумина потсетува и на „дуалност“.

„Моето име има многу страни! Има многу двојности во мене... но во тоа двојност наоѓам мир. И си дозволувам да ја отфрлам мојата самодоверба кога сум дома. Тоа е освежувачко“, вели Липа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vogue France (@voguefrance)

Таа зборуваше и за својата работа, настапите во живо, признавајќи дека отсекогаш сакала да пее во живо.

„Отсекогаш сум сакала да настапувам. Танцување, пеење, шминкање кореографија на подиумот... Кога бев мала, сонував колку би било неверојатно да настапувам на вистинска сцена", додава таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vogue France (@voguefrance)

Призна дека низ годините на нејзината кариера ѝ требало време да научи дека не мора да биде иста личност на сцената и дома.

„Сега научив да чувам одредени аспекти од себе во мојот внатрешен круг. Тука е Дуа на која ѝ е ладно дома, а потоа во медиумите, постои оваа претерано моја верзија која исто така се вика Дуа и која дава сѐ од себе на сцената“, раскажува Липа.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе